Контакт

Свет

Нетанјаху: Израел не е против директни разговори со Палестинците

Објавено пред

(проширено)Нетанјаху и Папандреу во понеделник навечер на заедничката прес конференција најавиле дека ќе ја зајакнат билатералната соработка, оградувајќи се од создавање некаков сојуз против Турција, додека израелскиот премиер рече дека не се противи на директни преговори со Палестинците

dobivaj vesti na viber

„Пред нас е голема заедничка иднина и да не се засилат врските би било ненормално, иако доцниме во тоа“, нагласил Нетанјаху.Како што истакнале двајцата премиери, соработката ќе ја градат на полето на одбраната и безбедноста, во стопанството, во туризмот и обновливите извори на енергија во располагањето со водните ресурси.Според AFP која се повикува на полициски извори, бројката лица што протестирале во понеделник навечер во Атина изнесувала 500-ини приврзаници на левицата во две поворки. Левичарските организации на Акропол во понеделник го истакнале палестинското знаме, се додава во информацијата.Израелските медиуми дводневната посета на Нетанјаху на Грција во понеделник навечер ја оценија како приближување на двете земји и во контекстот на турско-израелските недоразбирања по нападот на турските хуманитарни бродови од мај месец кога настрадаа девет Турци.Папандреу улогата на Атина ја опишал како посредничка меѓу Израел и арапските земји и со Палестинците со кои традиционално одржува  добри односи. Истовремено, грчкото министерство за надворешни работи соопшти дека посетата на Нетанјаху не сака да биде протолкувана како создавање сојуз со Израел против Турција. Израел не е против директни разговори со Палестинските автономни власти но и дека тоа нема да биде брзо, изјави во понеделник навечер во Атина израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.„Ние сме подготвени да се сретнеме во Каиро, во Вашингтон, каде и да е, за да се придвижи процесот“, изјавил за новинарите израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по вечерата со неговиот грчки колега и домаќин Јоргос Папандреу. Како што додал Нетанхају, Израел презема такви чекори со кои ќе се создадат услови разговорите да станат можни. Израелскиот премиер притоа не навлегувал во детали, пренесува AFP.Кaко што пренесува во својот опширен извештај Associated Press, израелскиот премиер во понеделникот изјави дека трпение е потребно во рестартирање на директни преговори со Палестинците, но и дека отворањето на разговорите нема да биде години или дури и месеци. Премиерот Бенјамин Нетанјаху зборувал за време на посетата на Грција, која со години се обидува да игра активна улога во преговорите за мир на Средниот Исток. Нетанјаху всушност уште еднаш покажа дека израелската страна нема да прави отстапки од нејзиното инсистирање преговорите да започнат без предуслови, како што е временски рок или некоја друга агенда, пред да дојде до директни разговори. Израелско-палестинскиот преговори со цел да се стави крај на долгогодишните судири и нерешена состјба на палестинскто прашање, беа прекинати во декември 2008 г. по  одмаздничката кација на израелската армија врз Појасот Газа кој го контролира палестинскот милитантно движење Хамас. Оттогаш, меѓународниот квартет посредници, САД, Обединетите нации, Европската Унија и Русија бара начин да ги одоброволи двете страни да ги  рестартираат разговорите. „Треба да се има трпение. Се разбира, ние нема да чекаме со месеци или повеќе години. Верувам дека наскоро ќе се видат некои резултати“, изјавил Нетанјаху.Како што додаваат во вечерашните извештаи странските агенции, израелскиот премиер е во дводневна посета на Атина, што е првата официјална посета на грчката престолнина од страна на некој израелски премиер во 60-годишното постоење на еврејската држава. Околу двестотини приврзаници на грчките левичарски групи демонстрале пред израелската амбасада во Атина, како знак на протест поради израелскиот напад врз хуманитарната флотила во мај и политиката за Блискиот исток.Папандреу во неделата имаше телефонски разговори со египетскиот претседател Хосни Мубарак, со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса.Висок грчки владин функционер, кој побарал да остане анонимен во понеделник претпладне за Аssociated Press изјави дека Папандреу сака да го слушне мислењето на арапските лидери за блискоисточниот мировен процес, вклучувајќи ги и напорите за обновување на директните преговори меѓу Израелците и Палестинците, пред да се сретне со израелскиот колега.Папандреу, кој истовремено го држи и ресорот за надворешни работи во неговата влада, активно работеше на посредување меѓу Арапите и Израел во периодот кога претходниот пат беше шеф на грчката дипломатија пред десет години.Двајцата премиери, покрај денешната средба, утре кратко ќе го посетат островот Парос, по што посетата на Нетанјаху завршува. Израел во последниов период ја засилува и воената соработка со Грција, особено во поглед на воените индустрии на двете земји.Во меѓувреме, односите на Израел со повеќедеценискиот единствен сојузник во регионот, Турција, се повеќе се влошуваат. Турција е, исто така, традиционален ривал на Грција. Израелски експерти на ова поле сметаат дека Израел мора да најде нов сојузник во регионот, а Тел Авив исто така се надева и дека затоплувањето на односите со Грција ќе ја присили Турција да го омекне својот став кон Израел. Но, тие предупредуваат и дека Турција сигурно нема така да ја протолкува посетата на Нетанјаху на Атина.„Сметам дека во Израел погрешно беше разбрано дека Турција ќе се почувствува загрозена или изнервирана од посетата. Дури мислам и дека никој во Турција нема ниту да ја забележи посетата. Турција на своите односи со Грција не гледа како на стратешки или воен ривалитет. Ова сигурно нема да ја натера Турција да ги преиспита своите односи со Израел“, вели Алон Лиел поранешен израелски висок дипломатски претставник во Анкара. Лиел исто така изгорено се сомнева дека Грција може да ја замени Турција како посредник меѓу Израел и арапските држави.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Бајден тајно и го испрати на Украина најмоќното оружје досега, тие веќе жестоко ги нападнаа Русите

Објавено пред

Соединетите држави тајно испратија нов ракетен систем со долг дострел во Украина минатата недела, а украинските сили веднаш го искористија оружјето за да нападнат руски воен аеродром на Крим минатата среда и руски војници во југоисточниот дел на земјата во текот на ноќта во вторникот, изјави американски официјален претставник за „Њујорк Тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Соединетите Американски Држави претходно и доставија на Украина верзија на овој тактички ракетен систем – познат како ATACMS – кој може да носи касетна муниција до растојание од 160 километри.

Но, Украина долго време копнееше за верзија на системот со подолг дострел, со домет од околу 450 километри, кој може да достигне подлабоко во окупирана Украина, вклучувајќи го и Крим, центарот на руските воздушни и копнени сили и центрите за снабдување на силите на Москва во југоисточниот дел на земјата.

Во текот на ноќта во вторникот, Украина употреби ракети со поголем дострел за да ги нападне руските војници во пристанишниот град Бердјанск на Азовското Море, изјави висок американски претставник.

Минатата среда, профилите на социјалните мрежи во Украина објавија големи пожари и експлозии на воениот аеродром во Џанкој, Крим, за кој висок американски функционер рече дека исто така бил цел на ATACMS.

Во говорот таа вечер, украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на генералот Олександр Сирски, главниот командант на Украина, но не кажа повеќе за нападот.

Американскиот претседател Бајден тајно ја одобри одлуката за испраќање повеќе од 100 ракети со поголем дострел во средината на февруари, изјави висок функционер, како и повеќе варијанти на касетна муниција. Тие беа дел од испораката на оружје за Украина во март вредна 300 милиони долари.

Бајден долго време одбиваше да испраќа ракети со поголем дострел поради неколку причини, рече официјалниот претставник. Прво, американската војска одлучи да го намали бројот на проектили што ги продава на трети земји, намалувајќи ја загриженоста на Пентагон за можниот недостиг. Зголемената употреба на балистички ракети од страна на Русија и зголемените напади врз клучната инфраструктура, исто така, ја поттикна Украина поагресивно да бара оружје што би можело да помогне во спротивставувањето на овие закани.

Првите напади со новите ракети имаа разорни последици, пишува NYT. Видеата објавени од жителите на социјалните мрежи минатата среда ги покажуваат пожарите што избувнаа по нападот. Четири часа по нападот, Crimean Wind, група која ги следи објавите на локалните социјални мрежи, извести дека погодената руска муниција сè уште експлодира. Тие рекоа дека се разнесени прозорците на куќите во близина на аеродромот.

Подоцна, Генералштабот на Украина објави снимка од ракетниот напад со детали за нападот на украинските безбедносни претставници – четири ракетни системи земја-воздух С-400, три радарски станици, командно место за воздушна одбрана и систем за команда и контрола на одбраната на Крим.

Прикажи повеќе...

Свет

Сандерс: Израел има за цел да ги елиминира Палестинците, а не Хамас

Објавено пред

Американскиот сенатор Берни Сандерс рече дека она што Израел го прави во Појасот Газа повеќе не е војна против Исламското движење на отпорот Хамас, туку елиминација на животното ткиво на Палестинците.

dobivaj vesti na viber

Во говорот пред Конгресот за одобрување на странска помош, вклучително и безбедносна помош за Израел, Сандерс додаде дека она што се случува во Појасот Газа не е несреќа или воена грешка, туку пресметана политика која систематски се спроведува шест месеци.

Тој посочи дека е невозможно да се погледнат сите овие факти и да не се заклучи дека политиката на израелската влада е насочена да го направи Појасот Газа неподобен за живот, а тоа всушност и се случува.

Американскиот сенатор го критикуваше и американското соучесништво во војната во Појасот Газа и рече дека војната во Газа се гледа како израелско-американска војна.

Тој објасни дека „поголемиот дел од бомбите и воената опрема што ги користи Израел во војната во Појасот Газа ги обезбедува нашата земја со парите на американските даночни обврзници“.

Тој посочи дека САД и даваат милијарди долари на владата на Бенјамин Нетанјаху, која ги затвора границите на Појасот Газа и спречува храна и медицински материјали да стигнат до оние на кои им е потребна.

Сандерс рече дека Израел систематски го уништувал здравствениот систем во Појасот Газа, а од вкупно 37 болници уништил 26 од нив, кои се целосно вон функција, додека останатите само делумно работат.

Сандерс, независен член на Сенатот, рече дека ќе воведе законски амандмани за намалување на милијардите од воената помош за Израел, нагласувајќи дека САД не можат да продолжат да ја финансираат оваа „страшна војна“ во Појасот Газа.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.

Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.

Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија6 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија7 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија7 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија8 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија9 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија10 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија10 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија10 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија10 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија11 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија11 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија11 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија11 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија12 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија12 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија13 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија16 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија17 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....