Свет
Киднапиран и убиен градоначалник на Мексико
Мексиканските безбедносни сили во средата го пронашле телото градоначалникот на градот Сантјаго во северната држава Нуево Леон, кој како што сомневаат властите бил киндапиран од локалните банди
Како што пишува мексиканскиот дневен весник Norte во среда, врзаното тело на градоначалникот Еделмиро Кавазос било пронајдено во предградие на градот Монтереј, административниот центар на сојузната држава Нуево Леон. Два дена претходно Кавазос бил одведен од неговиот дом од група вооружени мажи, пренесува Associated Press. Сојузната мексиканска држава Нуево Леон се наоѓа во северниот пограничен појас со САД, и се смета за една од мексиканските држави со најголема стапка на насилство заради војната меѓу бандите за контрола врз шверцерските канали. Не ретки се и нападите на бандите и врз приапдници на полицијата и војската, но затоа досега изостануваа напади против политичари. На крајот од јуни од заседа беше убиен 46-годишниот Родолфо Торе Канту и неговите четири соработници од Институционалната револуционерна партија (PRI), популарен кандидат за гувернер на северната мексиканска држава Тамаулипас. Тоа дотогаш беше најбруталниот случај на политичко заплашување во војната за превласт врз илегалниот пазар на дроги. Убиството на Торе беше прво политичко убиство на толку високо ниво од 1994 г. Во Мексико се засилува страхувањето дека земјата ќе се претвори во Колумбија од крајот на 1990-те кога тамошните наркоакртели ги убиваа претседателските кандидати и подметнуваа експлозии во зградите на владините институции. Откако во 2006 г. на власт дојде Фелипе Калдерон, тој им објави војна на организираниот криминал и нарко мафијата, во која за три години се загинати околу 28 илјади луѓе. Меѓутоа, имајќи ја предвид раширената корупција меѓу владините и полициските службеници, тој беше принуден да ја ангажира и војската, која во борбата против картелит еуечствива со 50 илјади свои припадници од разни родови. Според оцените на експертите, секоја година преку Мексико во САД, Европа и Азија се пренесуваат наркотици во вредност од повеќе од 40 милијарди долари. Гоелмата заработка и близината на богатиот американски пазар се причината за крвавите судири мешу нарко картелите кои сакаат да имаат превласт врз шверцерските канали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир
Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по неговиот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.
На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.
Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.
„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа и треба мир. Да оставиме овој гулаб да не обедини сите“, рече Радачовски.
Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.
Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Зелените, го критикуваше велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.
„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.
Додека птицата леташе низ салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.
Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.
Свет
(Видео) Воен авион се запали и се урна во Алјаска, загинаа две лица
Две лица загинаа кога авион со гориво се запали и се урна во близина на меѓународниот аеродром Фербенкс на Алјаска, соопштија властите.
Еден од двајцата пилоти во авионот кој превезувал гориво непосредно пред падот пријавил дека авионот се запалил пред да се урне и изгорел во близина на аеродромот, пренесува АП.
Шефот на регионалната канцеларија на Националниот одбор за транспорт на Алјаска, Клинт Џонсон, рече дека пилотот остварил радио контакт веднаш по полетувањето.
„Тие се обидуваа да се вратат на меѓународниот аеродром Фербенкс кога изгубија контакт“, рече тој.
Авионот полетал од Фербенкс и се урнал на околу 11 километри јужно во реката Танана, удирајќи во стрмен рид и се лизнал од насипот до брегот на реката, изгорејќи целосно. Авионот превезувал 3.200 галони (12.100 литри) мазут за Кобук, село Инупија со помалку од 200 луѓе, сместено на околу 480 километри северозападно од Фербенкс.
Федералната управа за авијација го идентификуваше авионот како Douglas DC-54, (DC-4), воен авион користен за време на Втората светска војна.
Свет
Лукашенко: Украина наскоро ќе престане да постои ако не се согласи на преговори
Украина наскоро ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија.
Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина, бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност, пренесува Спутник.
Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментов е во ќорсокак и се создадени услови за мировни преговори.
Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година можат да станат почетна точка за преговори.
Осврнувајќи се на уште еден пакет американска помош за Киев, белорускиот лидер истакна дека американската помош од 60 милијарди долари за војната во Украина е најважниот фактор за ескалацијата.
„Западот го претвори Киев во наркоман, кој го држи на краток синџир со ветувања за ново оружје и финансирање“, посочи Лукашенко.
Според него, на вооружените сили на Украина им недостига само муниција, туку и жива сила.
Тој истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев, бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск.
„Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостасува работна сила. Луѓето бегаат од војна“, нагласи белорускиот лидер.
Лукашенко, исто така, коментира дека Вашингтон ја интензивирал работата на проверка на подготвеноста за употреба на компонентите на нуклеарната тријада и нивната модернизација.
„Ако Русија го искористи целиот свој арсенал како одговор на акциите на Западот, ќе дојде до апокалипса“, оцени Лукашенко.