Свет
Во Кина во експлозија седум убиени и 14 ранети
Во експлозија која во четврток одекнала во автономната покраина Синџјанг, во северозападна Кина населена со доминатно ујгурско население, убиени се седум луѓе а 14 се ранети, пренесе агенцијата Синхуа
Покраинската полиција соопштила дека уапсила еден осомничен на самото место на експлозијата која се случила во предградието на Аксу, град на крајниот запад од покраината Синџјанг, како и дека отворила истрага за инцидентот.Синхуа пренесува дека експлозијата ја предизвикала триколка која била оставена на еден мост. Засега нема информации дали полцијата ја води истрагата во насока на атентат или не.Центарот за информирање за човековите права и за демократијата во Кина со седиште во Хонгконг, соопштува дека во покраината е прогласена вонредна состојба, како и дека на улиците на градот се разместени голем број вооружени полицајци.Во јули 2009 г. во оваа покраина избија меѓуетнички судири во кои според официјалните податоци беа убиени 200 лица. Насилствата кои траеја неколку дена тогаш избија во главнит град Урумкви. Тогаш се судрија припадниците на главната кинеска етничак заеднца Хан и Ујгурите, муслиманите кои се мнозинство во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција
Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.
ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ од 2023 до 2024 година, објави АНСА.
ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2) за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото и дека сѐ уште го чека извештајот од обдукцијата на синот.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за „Нова.рс“ изјави дека никој не дошол кај неа да ѝ каже дека син ѝ е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за погребот.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата сѐ уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие сѐ“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала оти Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се многуте повреди што ги имал на телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на детето.
Телото на Данка сѐ уште не е пронајдено.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.