Свет
Од цвеќар до „Господарот на војната“
Апелацискиот суд на Тајланд во четвртокот донесе одлука на САД да им биде испорачан Виктор Бут, човекот кој се смета за најголемиот криумчар на оружје во светот, вмешан последните две децении во четири војни на четири континенти, кој беше успен во Бангкок уште во 2008 г.
САД преку своите агенти од Агенцијата за борба против наркотиците (DEA) учествуваа во апсењето на Виктор Антолјович Бут, кој е обвинет дека почнувајќи од војната во Босна и Херцеговина па до граѓанските војни во Африка се јавува како најголемиот добавувач на илегално оружје. Тој е уапсен во 2008 г. кога американските агенти се преправале дека се претставници на колумбиската герилска марксистичка војска FARC и дека од него сакаат да купат оружје. По неколкумесечна операција го намамиле во хотелска соба во Бангкок каде се согласил да им продаде оружје за сума од неколку милиони доалри, по што е уапсен. Веднаш, во август истата година САД побараа негова екстрадиција, но Тајландскиот суд тогаш го одби барањето на Вашингтон, но сега по две години тамошниот апелациски суд тоа го одобри.Неговата сопруга Ала Бут, за американските медиуми изјавила дека ваквата одлука е неправедна.„Сите знаат дека станува збор за политички монтиран случај“, изјавила госпоѓа Бут. Човекот за кого Американците велат дека е вистински „Господар на војната“ или ппознат и како како „Трговецот со смртта“, е Русин, роден 1967 г. во тогашната советска република Таџикистан. Почнува да работи како преведеувач, бидејќи течно зборува шест јазици. По распаѓањето на Советскиот сојуз го користи хаосот кој владее во поранешната воена суперсила и по многу ниски цени набавува практично нови авиони со кои ја формира компанијата за транспорт. Според руските медиуми, првиот бизнис со кој Виктор Бут почнал да се занимава било распространувањето на цвеќе. Наводно исклучиво се занимавал со препродажба на гладиоли кои ги набавувал од Јужноафриканската Република, а потоа ги препордавал во Саудиска Арабија. Неговите почетоци во криумчарењето оружје потекнуваат од соработката со рускиот дилер на оружје Александар Исламов, а подоцна евтиното оружје го набавувал во Украина, Молдавија и во Бугарија, но истоврмено активно занимавајќи се и со своите легални бизниси.Според американските медиуми кои деновиве се повикуваат на извештаи од тајните служби и документи од обвиението против Бут, неговиот прв посериозен бизнис со шверцот на оружје било снабдувањето на муслиманските единцици во војната во Босна. Во почетокот на 1990-те оружјето го доставувал преку Словенија и Хрватска, а се сокривал зад суданската хуманитарна органзиација „Third World Releif Agency“. Тој во Босна во контејнери со наводно хуманитарна помош превезувал оружје кое го платиле богатите исламски земји. Подоцна, при крајот на 1990-те, почнал да криумчари и за судирите во Јужа Америка, Африка и на Блискиот исток. Имал деловна соработка и со либерискиот диктатор Черлс Тејлор кому сега му се суди за геноцид и воени злосторства пред Хашкиот трибунал, а работел и со либијскиот претседател Муамер ел Гадафи. Со оружје ги снабдувал и двете завојувани страни во Ангола, а истото го правел и во грашанскат авојна во Авганистан кога прво и продавал оружје на владата на претседателот Бурханудин Рабани а потоа и на талибаните.Дури тогаш САД ќе се заинтересираат за него, бидејќи неговото оружје доаѓа и до Ал Каеда. Меѓутоа, иако неговот име уште од почетокот на 2000-та е на „црната листа“, неговите авиони во 2004 г. во Ирак биле изнајмени од компаниите Fedex и од KBR, која е филијала на озлогласената копманија Hulliburton кои имаат договори со владата на САД вредни повеќе стотини милиони долари. Се верува дека холивудскиот хит трилер „Господарот на војната“ е снимен според податоците што американските служби ги собрале за Виктор Бут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.