Свет
Руски новинар добитник на престижна американска награда
Рускиот новинар Илја Барабанов стана лауреат на американската награда што се доделува во чест на Питер Меклер, за неговите написи како заменик на главниот уредник во рускиот весник The New Times за корупцијата во Русија
„Младиот новинар, кој занимавајќи се со истражувачко новинарство, заменик главниот уредник на независниот руски неделник The New Times, Илја Барабанов е добитник на наградата Peter Mackler Award“, се вели во соопштението објавено на интернет страницата на Организацискиот комитет за доделување на наградата, пренесува РИА Новости. Во февруарскиот број на неделникот, беше објавена статијата „Робовите на ОМОН“ во која се зборува за злоупотреби и кршење на законите во еден од баталјоните во руската престолнина, од оваа единица од Внатрешните војски на руското министерство за внатрешни работи. По што самото министерство спровело истрага и издаде соопштение дека наведените сознанија не се потврдени.Наградата во чест на Питер Меклер, кој своевремено го водеше дописништвото за Северна Америка на Agence France Presse, се доделува на новинари, кои во согласност со етичките норми храбро објавуваат статии во земјите каде што слободата на печатот не е гарантирана. Оправданоста на наградата во делот за слобода на печатот се врши преку консултации со американската канцеларија на француската организација „Репортери без граници“, чија дејност е заштитата на правата на новинарите во светот.Како што се додава во информацијата, наградата на Барабанов ќе му биде врачена на 22 октомври во Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.