Свет
Албино девојче обезглавено и убиено поради „вештерство“
Единаесетгодишно албино девојче од Свазиленд било убиено пред нејзините пријатели и потоа обезглавено, за што полицијата верува дека е убиство направено во ритуал
Детето ја перело облеката во река со пријателите, и на враќање кон својот дом било грабнато од маж кој носел маска. Човекот ја застрелал во позадината на главата пред да ја одвлечка. Нејзиното обезглавено тело било пронајдено кратко по убиството, пишува британски Telеgraph.Грозоморното убиство е едно од серијата убиства кои се прават врз албино популацијата во деловите на Африка, каде се концентрирани носителите на оваа ретка пигментска состојба.Полицијата смета дека децата се убиваат поради верувањата кај одредени врачеви (witch doctors) кои со крвта и деловите од телото на албино луѓето прават напивки кои според нив ако се конзумираат носат среќа и добра енергија.Албинизмот во Африка, инаку, не е ретка појава. Во Танзанија која има 40 милиони жители, дури 200 илјади ја имаат оваа пигментална аномалија. Танзанија воедно е и државата во која најмногу се убивани албино луѓето, дури 40, додека последните години во соседниот Бурунди биле убиени десет албино луѓе.Пред две години новинарка која работи во BBC изнесе новинарска истражувачка сторија, во која таа во Танзанија се претставувала како успешна деловна жена од запад. Таа од локалните врачеви добила многу понуди направени од делови на тела од албино луѓе, кои требало да ја збогатат со нивна продажба на запад.Во Танзанија убивањето албино луѓе достигнало сериозни размери, што дури бил донесен и претседателски декрет со кој строго се забранува убивање албино луѓе. Но врачевите кои се главните нарачители на тела од албино луѓе, продолжиле со нивните „медицински“ практики, па затоа во оваа јужноафриканска држава само во една година се забележани убиства на 20 албина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.