Свет
Руските специјалци убија четири бунтовници во Ингушетија
Во продолжение на одмазничките акции против ислимистичките бунтовници во се понемирниот Севернокавкаски регион по атентатот во Пјатигорск каде беа ранети 30 луѓе, според првичните податоци се убиени четворица бунтовни и ранети двајца полицајци
Четворицата бунтовници биле ликвидирани во понеделник при операцијата на специјалците во реонот на селото Плиево во Ингушетија, пренесува РИА Новости повикувајќи се на претставник на истражите органи „Според првичните достапни информации, во акцијата којашто е спроведена заедно со припадниците на ФСБ (федералната служба за безбедност), специјалците убиле четири лица, кои сочинувале илегална вооружена група, кои се идентификувани како Муса Чапанов, Руслан Додзоев, Ибрагим Гулиев и Илез Гарданов“, изјавил соговорникот на руската агенција.Тој додал дека при обидот да бидат приведени тие „со употреба на сила се спротиставиле“ и во размената на огнот биле убиени. Притоа во престрелката биле ранети двајца полицајци.Еден од четворицата убиени, Илез Гарданов Исмаилович е идентификуван како познат лидер на ткн. Плиевската криминално-терористичка група (термин што го користат руските официјални служби), кој според оперативните информации на руските тајни служби бил вклучен во најпрофесионално изведените терористички напади, објавикла канцеларијата на директорот на ФСБ за Ингушетија. Според аговорникот на РИА Новости Гарданов бил координатор на терористичктие дејствија кој од неодамна се префрлил на територијата на Ингушетија.„Руската ФСБ доби информации за подготовка на големи терористички напади со користење возила. За спречување на извршувањето на овие напади, беше донесена наредба да се преземе акција за апсење на Гарданов и неговите соработници… На повикот да се предадат тие дале вооружен отпор а како резултат на престрелката четирите бунтовници биле застрелани“, стои во соопштението на ФСБ на Ингушетија.Според цитираното соопштение, оваа милитантна група учествувала во терористички напади во април 2010 г. Врз полцијата во Карабулак, во поставување на бомбата на пазарот во градот Назран на 21-ви август годианва и атентатот врз имамот од џамијата во селото Екажево исто така во август, како и во повеќе други злосторства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.