Свет
Убиен градоначалник во Мексико пред неговата 4-годишна ќерка
Осомничени се дилери на дрога за убиството во недела грандоначалникот на мал град во северниот дел на Мексико, каде минатат седмица едксплодира два автомобила бомби и беа пронајдени телата на 72 убиени работниците мигранти
Градоначалникот Марко Антонио Леал бил убиен од вооружени напаѓачи додека со неговиот теренец се возел низ руралната општина Хидалго во близина на Мексиканскиот Залив во сојузната мексиканска држава Тамаулипас, соопштила канцеларијата на локалниот обвинител, пренесува Reuters. Според портпаролот на обвинителот, во нападот била повредена и 4-годишна ќерка на градоначалникот Леал.Како што пишуваат мексиканските медиуми, не е јасно причината за убиството на Леал, но се потсетува дека од почетокот на годинава државата Тамаулипас стана една од најкрвавите и најважни локации во Мексико за криумчарење дроги. За превласт над оваа држава се борат двата ривалски нарко картела, можниот Заливки картел и картелот кој произлезе од нејзиното вооружено крило, позната како Зетас, кои водат беспоштедна борба за контрола на илегалните патишта на дрогата кон богатио американски пазар. Во петокот во главниот град на државата Тамаулипас, Сиудад Викторија, предупредувачки експлодираа два автомобили бомби, три дена откако мексиканските маринци на еден пуст ранч во близината на границата со САД најдоа тела на 72 застрелани имигранти. Претходно во јули во Сиудад викторија се случија уште две експлозии кои освен оштетувања на објекти не предизвикаа жртви.Досега изостануваа напади против политичари. На крајот од јуни од заседа беше убиен 46-годишниот Родолфо Торе Канту и неговите четири соработници од Институционалната револуционерна партија (PRI), популарен кандидат за гувернер на северната мексиканска држава Тамаулипас. Тоа дотогаш беше најбруталниот случај на политичко заплашување во војната за превласт врз илегалниот пазар на дроги. Убиството на Торе беше прво политичко убиство на толку високо ниво од 1994 г. Во Мексико се засилува страхувањето дека земјата ќе се претвори во Колумбија од крајот на 1990-те кога тамошните наркоакртели ги убиваа претседателските кандидати и подметнуваа експлозии во зградите на владините институции. Откако во 2006 г. на власт дојде Фелипе Калдерон, тој им објави војна на организираниот криминал и нарко мафијата, во која за три години се загинати околу 28 илјади луѓе. Меѓутоа, имајќи ја предвид раширената корупција меѓу владините и полициските службеници, тој беше принуден да ја ангажира и војската, која во борбата против картелит еуечствива со 50 илјади свои припадници од разни родови. Според оцените на експертите, секоја година преку Мексико во САД, Европа и Азија се пренесуваат наркотици во вредност од повеќе од 40 милијарди долари. Гоелмата заработка и близината на богатиот американски пазар се причината за крвавите судири мешу нарко картелите кои сакаат да имаат превласт врз шверцерските канали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.