Свет
Исламот да стане религија на цела Европа
Либискиот претседател Муамер Гадафи во Рим се заложил исламот да стане религија на цела Европа , пренесуваат италијанските медиуми
Гадафи пред околу 500 насобрани жени рекол дека исламот би требало да стане религија на цела Европа и дека Мухамед е последниот пророк.На жените им биле платени по 80 евра за да дојдат на собирот во Рим, по што секоја од нив добила и бесплатен примерок од Куранот.Една од нив, која барала да остане анонимна, за италијанскиот весник „Република“ рекла дека Гадафи не знаел дека жените се платени, бидејќи немало да прифати да се сретне со нив.Агенцијата што ги собрала. Од жените побарала тие да не даваат изјави за медиумите.Гадафи вчера пристигна во Рим, каде што треба да бидат одбележани две години од потпишувањето на договорот за разбирање и пријателство меѓи Либија и Италија, со кој се решени несогласувањата од времето на италијанската колонизација на Либија
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.