Свет
И покрај убиството на четири Израелци, преговорите ќе продолжат
Израелски извор во вторник доцна навечер рекол дека и покрај нападот на Западниот брег во кој беа убиени четири Израелци, тоа нема да ги попречи плановите за обновување на директните преговори меѓу израелската влада и претседателот на Палестинската автономија
Како што пренесува германската агенција DPA повикувајќи се на израелскиот портал Ynet, неименуван близок соработник на израелскиот премиер Бенјамин Нетнајаху изјавил дека разговорите ќе продолжат како што било планирано. Меѓутоа, соговорникот на порталот нагласил дека Израел ќе одговори на нападот како и во сите други претходни случаи, што најавува дека уште вечерва може да се очекува одмазничка акција на војската. Во вторникот во пресрет на обновувањето на директните преговори во блискоисточниот мировен процес во четврток во Вашингтон, на Западниот брег во автомобил беа застрелани четири израелски цивили. Двајцата мажи и двете жени од кои едната бремена, беа убиени од огнено оружје од автомобил во движење кој минувал крај нивниот на фреквентна сообраќајница на окупираната палестинска територија, која ја користат и Палестинците и Израелците, пренесе Reuters.Вооруженото крило на палестинската исламистичка организација Хамас, во соопштение наведува дека нападот во близина на градот Хеброн на Западниот брег бил „природен одговор на злосторствата на израелската окупација“. Меѓутоа во соопштението не се презема одговорноста за овие убиства, дополнува DPA.Меѓутоа дописникот на руската агенција РИА Новости од Тел Авив доцна навечер во вторник јави дека военото крило на Хамас, „Бригадите на Изедин ал-Касам“ ја преземале одговорноста на еден од најкрвавите напади последните месеци на Западниот брег од реката Јордан. Ова крило за убиството на двајцата мажи двете жени кои биле членови на едно семејство ко патувале од еврејската населба Кирјат-Арба во близина на Хеброн, ги повикало своите приврзаници по вечерната молитва да излезат на улиците и да го прослават „успехот на операцијата“.„Тоа е отпор на животот и покрај соработката меѓу Израел и палестинските власти на Западниот брег“, изјавил во вторникот претставникот на Хамас, Февзи Бархум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.