Свет
Смртноста на децата последната деценија зголемена за уште 4 милиони
Во последните десет години во светoт умреле четири милиони деца повеќе отколку досегашната стапка, како последица на неадекватните здравствени политики што ги спроведувале нивните влади, се нагласува во соопштението на невладината организација Save the Children издадено во вторник
Во ова остро соопштение организацијата Save the Children потенцира дека тоа треба да биде сфатено како последно предупредување во оваа сфера пред одржувањето на меѓународната конференција во Обединетите нации која треба да се одржи на крајот од септември. На неа ќе се разговара за напорите што се вложуваат во рамките на проекитот Милениумски развојни цели (MDG), прифатени на самитот на ОН пред една деценија.„Очигледен напредок е постигнат во последните десет години во намалувањето на смртноста меѓу децата, меѓутоа се уште секоја година умираат 8,8 милиони новороденчиња и деца“, изјавила Керолин Мајлс, потпретседателка на Save the Children, презентирајќи го соопштението пренесува AFP.Во соопштението на организацијата се истакнува дека најмногу деца умираат во сиромашните семјества. Најголемиот проблем се здравствената нега пред и по раѓањето, посебната нега при породувањето и недостигот од лекови за најсмртоносните болести за бебињата и децата, како што се воспалението на белите дробови, дијареата и маларијата кои и не се толку скапи. Save the Children смета дека оптествените разлики се се поголем проблем во многу земји во развој.Спроед извештајот, од 1990 г. стапката на смртност на децата се намалила за 28 отсто, што се уште е далеку од стапката која е зацртана во програмата Милениумски развојни цели.Многу од земјите со зголемен ризик, меѓу кои како најзагрозени во соопштението се наброени Гана, Индонезија, Мозамбик, Египет и Боливија, значително го намалиле бројот почината. Меѓутоа, од друга страна во Чад, Домениканската Република, Конго, Кенија, Јужноафриканската Република и Зимбабва изминатите две децении се забележани згоелмување на стапките на смртност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.
Свет
Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван
Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.
За усвојување на законот кој го изгласа Конгресот по неколкумесечно одложување гласаа 79 сенатори, а против 18, што е многу повеќе од потребното мнозинство во Сенатот од 100 членови за законот да биде усвоен.
За да стапи на сила законот, треба да го потпише американскиот претседател Џозеф Бајден.
Пакетот за помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 8,12 милијарди за „контра комунистичка Кина“ во Индо-пацификот, додека четвртиот дел од пакетот е наменет за мерки што ќе доведат до потенцијална забрана на апликацијата TikTok во САД, мерките според кои замрзнатите руски средства ќе бидат префрлени во Украина и ќе бидат воведени нови санкции кон Иран, пренесува Ројтерс.
„Ќе го потпишам овој предлог-закон веднаш штом ќе пристигне на моето биро утре и ќе им помогнам на Американците за да започнеме со испраќање оружје и опрема во Украина оваа недела. Потребата е итна: за Украина, која се соочува со немилосрдно бомбардирање од Русија, за Израел, кој штотуку се соочи со невиден напад од Иран, за бегалците и оние кои се погодени од конфликти и природни катастрофи низ светот, вклучително и во Газа, Судан, Хаити. “, рече Бајден.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.