Свет
Убиени четири исламистички бунтовници во Дагестан
Четири исламистички милитанти се ликвидирани во текот на специјална операција на руската полиција во Сергокалинската област на Дагестан, пренесоа руските агенции во петок повикувајќи се на извори во безбедносните сили
„За време на нападот загинаа четири милитанти. Засега се уште не се утврдеи нивните идентитети. Во тек е детална проверка на куќата во којашто се сокривале“, изјавил соговорникот на РИА Новости при што се забележува дека не е даден одговор на прашањето дали имало загуби меѓу припадниците на безбедносните сили.Претходно во петокот. извори од руското министерство за внатрешни работи за агенцијата Интерфакс изјавија дека во акција спроведувана во селото Махарги биле убиени двајца исламистички бунтовници.Според овие извори, имало ранети припадници на специјалните единици. Изворот нагласил дека во петокот наутро во акцијата имало и ранети бунтовници, кога полицијата се обидела да изврши претрес по претходно добиени оперативни информации за скалдирано оружје во една приватна куќа во Сергокалинската обалст. Истовремено во Дагасетан се спроведува уште една акција против бунтовничка група во градот Дербент. Според министерството за внатрешни работи на Дагестан, во една приватна куќа биле забарикадирани најмалку три бунтовника кои се повикани да се предадат. Имајќи го предвид досегашното однесување на бунтовниците во вакви ситуации, највероајтно во текот на денот ќе дојде до акција на специјалците врз куќата во која се кријат бунтовниците, пишува РИА Новости.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.