Свет
Три полицајци убиени и еден ранет во Дагестан
Три руски полицајца загинеле а еден бил ранет во акцијата во селото Долни Maхаргимахи во Сергокалинската област во Дагестан, во која во петок беа ливкидирани четири милитанти, рекол за РИА Новости претставник на Главната управа на руското министерството за внатрешни работи
Припадниците на руските специјални единици во петок во две операции спроведувани по информации добиени од Федералната служба за безбедност на Русија, ликвидираа четири исламистички милитанти. Утрово по оперативни информации полицијата опколила приватна куќа во селото Долни Махаргимахи во која се криеле милитантите.„Операцијата е преземена по информациите што се добиени за четири вооружени милитанти кои се криеле во една куќа. По повикот се предадат од куќата којашто била сопственост на членот на бандата, Малик Магомедов, тие пуштиле да излезат три жени“, потврдил за РИА Новости претставникот на министерството за внатрешни работи Марк Толчински.Според него, кога полицајците ги прифаќале жените кои излегувале од куќета, милитантите отвориле оган и убиле еден полицаец..„Во престрелката беа убиени уште двајца полицајци, а еден беше ранет во рамото и нозете, но неговиот живот не е во опасност“, нагласил Толчински.Во текот на денот претходно Информативниот центар на рускиот Национален антитерористички комитет (НАК), соопшти дека биле идентификувани три убиени милитанти. Според НАК, тие биле припадници на терористичка група што била водена од некој Турчин, познат како Абдулсалам, чие тело било идентификувано по завршувањето на акцијатаСпоред Толчински, за да се ликвидира добро вооружената и утврдена група, требало да се дејствува и со тенк.Во меѓувреме, специјална операција била спроведувана и во градот Дербенте, каде во повеќекатна куќа бил блокиран станот на еден осомничен за учество во организирана екстремистичка група, кој по повикот да се предаде отворил оган врз полицајците, Според информациите од НАК во руските медиуми, полицијата решила да ги евакуира сите околни згради и во попладневните часови почнала да ја спроведува операцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија, економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување на надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот Феникс.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за Билд изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
– Наместо таксата за претходна пракса од десет евра по посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра по посета на лекар. Исклучок треба да биде земање рецепти, рече Аугурски, пренесува магазинот Феникс.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
– Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно, изјави Грес за Билд.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.
Свет
Кина испраќа тројца астронаути во вселенската станица како дел од својата програма на Месечината
Кинеската вселенска агенција ги прави последните подготовки за испраќање на екипажот Шенжу-18 во ниската орбита на Земјата, како дел од нејзината вселенска програма која има за цел да испрати луѓе на Месечината до 2030 година.
Кинеската вселенска агенција за екипаж (CMSA) на денешната прес-конференција претстави тројца астронаути, командант Је Гуангфу, кој беше дел од мисијата Шенжу-13 2021, Ли Конг и Ли Гуангсу, кои за прв пат ќе одат во вселената, пренесува CRI. .
Вселенското летало со тројца луѓе се очекува да полета во четврток во 20:59 часот по локално време од центарот за лансирање на сателити Џиукван во пустината Гоби во северозападна Кина.