Контакт

Свет

Синот на пасторот Џонс вели дека нема да има палење на Куранот

Објавено пред

(проширено)Синот на контроверзниот пастор од Флорида кој го одложи протестното палење на светата муслиманска книга на 9-годишнината од нападите на 11-ти септември 2001 г., изјавил дека во сабота нема да има палење на Куранот, јавува Associated Press

dobivaj vesti na viber

Лук Џонс, синот на пасторот Тери Џонс, изјавил за новинарите дека најавеното палење на Куранот нема да се случи во сабота. Но тој нагласил дека не може да каже дали тоа нема да се случи во иднина.Контроверзниот пастор на пентакосталната протестантска заедница од градот Џејнсвил на Флорида Dove World Outreach centеr која брои само педесетина верници, најави дека го откажува спалувањето на Куранот, откако рече дека постигнал договор со имамот на Њујорк да се дислоцира градењето  на исламскиот културен центар и џамијата само два блока подалеку од местото Ground Zero (Нулта точка). На ова место некогаш се издигнуваа Кулите близначки од Светскиот трговски центар (World Trade Centеr) кои беа урнати во нападите со авиони кои се удрија во нив на 11-ти септември 2001 г. Одговорноста за нападот ј презема најголемата терористичка мрежа Ал Каеда, под водство на Осама бин Ладен, чии 19 оперативци на овој ден киднапираа четири американски патнички авиони со кои извршија терористички напади во кои загинаа 2.996 лица. Утрото на 11-ти септември 2001. г. во 8.45 часот авион со 81 патници и 11 членови на екипажот од летот 11 на American Airlines од Бостон за Лос Анџелес се урна во северната кула од WTC. По кусо време, во 9.05 часот во другата кула се заби авионот од летот 175 на United Airlines исто така од Бостон за Лос Анџелес со 56 патници и девет членови на екипажот. Во 9.43 часот авионот на 77 на American Airlines се заби во Пентагон, а во 10 часот авион на летот 93 од Њу Џерси кон Сан Франциско на United Airlines се урна близу градот Сомерсет каунти во Пенсилванија. Пасторот Џонс соопшти дека ќе отпатува во Њујорк да се сретне со имамот Фејсеал Абдул Рауф кој го води проектот за изградбата на џамијата . Најавата на пасторот за спалување на стотина примероци од Куранот предизвика остри реакции од муслиманите низ светот. Американскиот претседател Барак Обама и другите високи американски политичари се спротиставија на акцијата на Џонс и бараа од него да се откаже од палењето,Во спомен на жртвите ширум САД ќе се одржат повеќе комеморативни собири, со учество на повеќе видни политичари, а претседателот Барак Обама го прогласи 11. септември за Национален ден на сеќавање и служење на заедницата, па граѓаните се повикани да се вклучат во повеќе волонтерски акции.Претседателот Обама ќе ја одбележи годишнината на меморијална служба во Пентагон, каде што во 2008. година беше подигнат споменик на жртвите.И по девет години од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година на Њујорк  и  Вашингтон, САД сè уште веруваат дека Ал-Каеда е главна закана по нивната безбедност.Според најновиот  извештај за состојбата за безбедноста, изнесен на неодамна одржаната панел дискусија на која присуствувале голем број американски експерти, најголемиот дел на извештајот бил посветен на улогата на американските државјани поврзани со Ал-Каеда и со сродните терористички организации во светот.Во извештајот стои и фактот дека во земјата се наоѓаат сe’ поголем број терористи и припадници на милитантните исламистички организации кои не припаѓаат ниту на една етничка или верска заедница и не се вклопуваат во ниту еден познат социјален или економски профил, поради што е тешко да се лоцираат и откријат.САД  како што наведуваат експертите, се соочени со раширена мрежа на потенцијални терористи способни за сите видови на напади, поставување на автомобилски бомби, симултани напади на бомбаши самоубијци, поединечни пресметки со огнено оружје или кражби на авиони, но нивните методи не се ни приближно софистицирани во споредба со нападот од 2001 г.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага

Објавено пред

Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.

Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).

Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.

„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.

„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.

Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.

Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.

Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.

Прикажи повеќе...

Регион

Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци

Објавено пред

Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.

Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.

Прикажи повеќе...

Свет

„Фокс њуз открива“: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Објавено пред

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава „Фокс њуз“.

dobivaj vesti na viber

„Фокс њуз“ во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до која имал пристап „Фокс њуз“, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс рече дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја поради што понекогаш се појавуваат разни бројки за американската помош за Киев.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ3 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ5 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија6 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија7 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион8 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион8 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа8 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет8 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа9 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија21 час

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија23 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија1 ден

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...