Свет
Во растурање на демонстрациите во Авганистан има повредени и загинати
При растерување на анти-американските деонстрации во областа Бараки-Барак во провинцијата Логар во недела двајца демонстранти загинале а повеќе од десет се ранети, соопштил провинцискиот гувернер Дин Мохамед Дервиш
И покрај фактот што американскиот пастор Тери Џонсон го откажа палењето на Куранот, во Авганистан трет ден траат протестите за „загрозената на исламот“.Учесниците на демонстрациите во неделата повторно извикувале анти-американски и анти-НАТО пароли, палеле автомобилски гуми, а потоа почнале да да се откинуваат метални прачки од оградите. Толпата се зголемувала и станувала насилна, како што опишуваат странските дописници се одноесувала како во да е во есктаа.Според Министерството за здравство на Авганистан, на околу 70 отсто од населението на Исламската Република страдаат од разни видови ментални болести и нервни нарушувања. Егзалтираните Авганистанци го блокирале главниот автопат кој ги поврзува провинциите Логар и Вардак создавајќи сообраќаен метеж и целосно запирање на камионскиот сообраќај. При растерување на демонстрантите, што траело повеќе од три часа, полицијата стрелала во воздух, претходно користејќи палки против насилните демонстранти. За да се спречат најнастојчивите демонстранти да продрат во комплекс со административни објекти кои притоа извикувал „Долу авганистанската марионетска влада“, полицијата отворила оган, соопштуваат агенциите. Неколку полицајци притоа биле повредени од камењата што врз нив ги фрлале демонстрантите. Во предградие на Поле-Алам, главен град на провинцијата Логар, демонстрантите запалиле неколку продавници, полициска станица и тргнале во поход на неколку градски населби. Според аналитичарите, очигледно е дека организирањето анти-американски демонстрации во пресрет на парламентарните избори закажани за 18 септември, стои свештенството и подривачки елементи чија цел е да се поткопа процесот на изјаснување на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.