Свет
Нетанјаху го прими Абас во резиденцијата во Ерусалим
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пречека во својата резиденција во Ерусалим палестинскиот претседател Махмуд Абас при што ги продолжиле разговорите за мировниот договор
Како што пишува Reuters, и по средбата во среда на Бенјамин Нетнајаху и Махмуд Абас, нема знаци дека израелската и палестинската страна се приближиле до решавање на спорот за контроверзната изградба на еврејските населби на Западниот брег. „Работиме многу на тоа, уште многу работа има, Драго ми е што можев да ги поздравам претседателот Абас и американската државна секретарка Хилари Клинтон тука, со заедничка желба да се постигне мир и сметам дека така треба да продолжиме“, одговорил израелскиот премиер Нетанјаху, запрашан дали е остварен напредок во поглед на еврејските населби.Ова е прво влегување на палестинскиот претседател во службената резиденција на израелскиот премиер во Ерусалим откако десничарот Нетанјаху пред година иполовина ја презема должноста. Претходно во неа се сретна со поранешнито израелски премиер Ехуд Олмерт.„Денеска повторно сум во оваа зграда. По долго време, а да ги продолжиме преговорите со надеж во остварување на мирот во целиот регион, посебно меѓу еврејскиот и палестинскиот народ“, запишал во книгата на гостите Абас.Претходно во средата официјален Вашингтон соопшти дека рокот за постигнување на мировниот договор не би требало да биде подолг од една година, а тој треба да го реши израелско-палестинскиот судир и да се заврши со воспоставување палестинска држава. „Главното прашање е: ќе има или не да има населба активност по 30 септември? Ние ќе преговара секој пет минути отсега па до 30 септември. Ако тие продолжат со изградба на населбите, ние ќе се заминеме. Ако не продолжат, ќе останеме“, изјавил за Reuters, официјален палестински претставник.Во среда државната секретарка на САД го поздравила овој состанок велејќи кусо „Ова е времето, и ова се лидерите“Велејќи дека двајцата лидери „се зафатиле со работа“ и надминување на главните прашања на конфликтот, Клинтон, исто така, не дала никакви индиции дека се дошло поблиску до решавање на спорот за изградбата на населбите кои се закана за мировните преговори што почнаа во Вашингтон за што инаку пошироката меѓународна јавност има силно изразен песимизам. Нетанјаху, чија коалициска влада е доминирана од про-колонистичките партии, во неделата изјави дека нема да се продолжи мораториумот на изградбата на доселеничките населби, но може да го ограничи опсегот на натамошната изградба во некои населби.Статусот на Ерусалим кој Палестинците го сакаат за главен град на нивната идна држава, судбината на палестинските бегалци, границите на идната палестинска држава и безбедносните договори, се главните прашања кои двете држави ќе мора да ги решт за да се обезбеди договор за траен мир..Американските аналитичари сметаат дека ненадеен крај на разговорите наскоро откако што почнаа, ќе претставува силен политички удар за американскиот претседател Барак Обама пред американските избори на средина од мандатот во ноември, на кои неговата Демократска партија се очекува да претрпи пораз.Спорните еврејски доселенички населби се градата окупираната територија од страна на Израел во 1967 г., по ткн. Блискоисточната војна, кои се прогласени како нелегални од страна на Светскиот суд според меѓународното право, што, пак е оспорувани од страна на Израел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.
Европа
Шпанскиот државен обвинител бара прекин на истрагата против сопругата на Санчез
Шпанскиот државен обвинител, назначен од кралот по препорака на владата, денеска побара од судот во Мадрид да ја затвори истрагата за корупција против сопругата на премиерот Педро Санчез бидејќи „нема индиции за кривично дело“.
Судијата во Мадрид вчера пријавил дека отворил прелиминарна истрага за 59-годишната Бегоња Гомез. Сопругата на премиерот беше пријавена кај судијата од синдикатот Манос Лимпиос (Чисти раце) врз основа на медиумските извештаи дека давала препораки со нејзин потпис на претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери. На овој начин, било наведено во пријавата, таа ја искористила својата позиција и влијание за да можат блиските луѓе да добијат јавни пари и работа.
Организацијата Манос Лимпијас претходно изјави дека својата тужба ја заснова на медиумски извештаи и дека не може да гарантира за нивната вистинитост, а шефот на организацијата, Мигел Бернад, рече дека извештаите биле проследени до судијата од „граѓанска должност“ и негираше дека акцијата била политички мотивирани.
Во 1980-тите, Бернад се натпреваруваше на два европски избори како кандидат на екстремно десничарскиот Национален фронт во 1980-тите.
Манос Лимпијас одлучи да побара од судот да отвори истрага за бизнисот на Гомез откако обвинителите не постапија самоиницијативно, а истражниот судија ќе одлучи дали медиумските извештаи се точни или не, рече тој.
Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес, според пријавата, добила 10 милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Тој претприемач подоцна основал постдипломски курс кој го водела Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.
Во извештајот се споменува поврзаноста на сопругата на премиерот со туристичката компанија Globalia, која беше спонзор на едукативниот центар „Africa Centre del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез. Шпанската влада со 600 милиони евра народни пари ја спаси „Air Europa“, во сопственост на Globalia.
Државното правобранителство испрати жалба до судот во Мадрид, во која се наведува дека нема „индиции дека сторила кривично дело“, објави радиото Ла Секста.