Свет
Холбрук: Пакистан ќе мора сам да го покрие поголемиот дел од штетите
Светот ќе може да покрие само околу 25 проценти од десетиците милијарди долари потребни повторно да се изгради Пакистан по е поплавите, додека остатокот ќе мора да го обезбеди владата, предупреди специјалниот пратеник на САД за Пакистан, Ричард Холбрук
Како што пренесува Асошиејтед прес, Холбрук изјавил дека САД нема да ја условуваат својата помош за Пакистан, но предупреди дека конгресмените можеби нема да бидат дарежливи ако проценат дека Пакистан не ги оданочил доволно своите сопствени граѓани. Пакистанските богаташи традиционално не плаќаат многу данок – или го одбегнуваат или се ослободени и процентот на наплата на даноците во оваа земја е меѓу најниските во светот. Критичарите посочија на кусокот во државните приходи во текот на последниве неколку недели, кога пакистанските лидери почнаа да бараат меѓународна помош. Економијата на Пакистан преживува од меѓународната помош, а се очекува поплавите во голема мера да го попречат натамошниот раст.„Не сакам да го спречам дотурот на парите кои им се потребни, но мораме јасно да кажеме дека конгресот ќе се двоуми да даде пари, ако тие се употребуваат да се пополнат дупките создадени од неплаќањето данок“, рече Холбрук во текот на неговата посета на Карачи.Шефот на пакистанската дипломатија Шах Махмуд на заедничката прес – конференција со Холбрук вети дека Пакистан ќе стори се што може за да дојде до додатните средства.„Имаме намера да направиме ревизија на нашите буџетски приоритети, да ги ограничиме издатоците за неразвиените делови и да ги смениме приоритетите за развој и да видиме што може да се стори за да го преструктуираме нашиот даночен систем за да може да генерираме повеќе пари“, истакна Шах.Пред шест недели монсунските дождови предизвикаа масивни поплави кои се проширија низ целата земја, а на југот и се уште траат. Околу осум милиона луѓе останаа без своите домови во текот на она што и пакистанската влада и Обединетите нации го нарекоа една од најлошите хуманитарни катастрофи во живото сеќавање на човештвото.Обединетите нации при првиот повик за помош успеале да соберат околу 310 милиони долари иако, заедно со приватните и билатералните донации, сумата достигнува до 1,1 милијарда долари. Во недела земјите – донатори треба да се соберат во Њујорк на донаторска конференција за Пакистан.Обемот на поплавите внесе загриженост во врска со стабилноста на Пакистан, особено кај западните држави, кои се борат да го стабилизираат соседниот Авганистан и да го намалат влијанието на Ал Каеда и останатите исламистички групи на северозападот на Пакистан.Локалните волонтери, исламските организации, пакистанската армија и ОН им помогнаа на милиони жртви, но условите за повеќето преживеани се лоши, особено ак се земе предвид дека најголемиот дел од нив беа многу сиромашни и пред катастрофата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.
Регион
(Видео) Прашина од Африка стигна во Грција: небото над Атина стана портокалово
Небото над Атина, главниот град на Грција, стана портокалово поради огромните облаци од прашина што пристигнаа од Африка.
Грчкото здружение за пулмологија ги предупреди граѓаните дека честичките од пустинската прашина во атмосферата се опасни за луѓето со респираторни проблеми.
🚨#WATCH: As the Saharan dust has turnt the sky of Athens, Greece completely orange.
The Sahara dust is turning the sky into a vibrant orange across Athens, Greece. The wave of dust began yesterday and is forecasted to peak today.
pic.twitter.com/jo7fAwNIv4— R A W S G L 🌎 B A L (@RawsGlobal) April 23, 2024
На луѓето со респираторни и срцеви проблеми им се советуваше да не се занимаваат со активности на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат маски кога се на отворено.
Грчкиот метеоролог Костас Лагувардос објави на „Фејсбук“ дека Атина изгледа како колонија на Марс.
HAPPENING NOW: *Orange sky* – African dust blanketing Greece created an eerie image that made Athens look like a colony on Mars, Greek meteorologist reportedly says pic.twitter.com/qXicm92YPE
— Bruce Snyder (@realBruceSnyder) April 23, 2024
Поради пустинската прашина, намалена е видливоста во центарот на градот и регионот, а грчката метеоролошка служба соопшти дека во северна и западна Грција се очекува дожд од прашина.
In Athens, the sky turned orange due to a large amount of dust brought from the Sahara Desert, pic.twitter.com/Xie3o7Ovku
— S p r i n t e r F a c t o r y (@Sprinterfactory) April 23, 2024
Свет
(Видео) Авион двапати се одби од пистата во Лос Анџелес: „Ова е најгрубото слетување што сме го снимиле“
На аеродромот во Лос Анџелес во живо е снимено неверојатно слетување на авионот на „Луфтханза“.
Имено, за време на слетувањето, авионот еднаш, а потоа и вторпат се одби од пистата и повторно полета предизвикувајќи шокирани реакции кај коментаторите во преносот од аеродромот.
„Што? Леле, леле, леле. Мислам дека ова е најгрубото слетување што некогаш сме го снимиле“.
Кога повторно се нашол во воздухот, авионот со маневрирање успеал да слета на пистата и безбедно да го заврши летот.
The moment a Lufthansa plane performed a rejected landing, or a ‘touch-and-go’, was caught on a livestream.
🎥 Airline Videos Live via YouTube pic.twitter.com/BpYSGuwMCG— Daily Mail Online (@MailOnline) April 24, 2024