Свет
Индија донира 20 милиони долари за поплавените во Пакистан
Индиските власти донираа дваесет милиони долари на Обединетите Нации за помош на жртвите од поплавите во Пакистан
Индија ја зголеми почетната донација од пет милиони на 25 милиони долари во август, откако Пакистан најави дека ќе ја прифати помошта под услов да ја достават агенциите на ОН.Двете земји имаат долга историја на напнати односи и трипати војуваа од стекнувањето на независност во 1947 г.Односите во последните години се на најниско ниво откако исламистичките милитанти во ноември 2008 г. го нападнаа Мумбај и убија 166 лица. Индија ги обвини пакистанските безбедносни служби за помагање на напаѓачите.Хардип Пури, постојан индиски претставник при ОН, му врачил чек од 20 милиони долари на генералниот секретар на Он, Бан Ки-Мун, во Њујорк за помош на Пакистан,истакнувајќи дека природните катастрофи не познаваат национални граници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Мирот во Украина е можен во секој момент, само ако Путин ги повлече своите војници
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, „варварска“ кампања и ги повлече војниците.
Шолц за „Маркише Агемајне Цајтунг“ изјави дека секогаш имало иницијативи за посредување.
„На пример, веднаш по избувнувањето на војната, Русија и Украина директно преговараа меѓу себе. Преговорите потоа пропаднаа затоа што Русија ги искористи само како изговор за истовремено да ги премести своите трупи на исток за голема офанзива“, посочи тој.
Како што тврди, токму тогаш на виделина излегле „масакрите“ во Буча и Ирпин, злосторства против човековите права извршени од страна на руските вооружени сили врз цивилното население, со што разговорите се лишени од секаква основа, пренесува медиумот.
„Малку подоцна се разговараше за договорот за жито, со успех. За жал, Путин во одреден момент повторно го откажа“, додаде Шолц.
Тој изјави дека имало разговори и за безбедноста во нуклеарната централа Запорожје и за размена на затвореници.
„Голем број земји, вклучително и Украина, во моментов разговараат на ниво на советници за безбедност за тоа што би можело да изгледа како нешто што може да доведе до мировен процес, но дозволете ми да бидам многу јасен: мирот е можен во секое време. Путин само треба да стави крај на неговата „варварска“ кампања и да ги повлече трупите“, истакна Шолц.
Свет
Паника во Лондон: На сред возење извадил нож и избол човек пред патниците
Продолжува потрагата по напаѓачот кој избоде маж во воз пред очите на преплашени патници.
Човекот кој бил нападнат се здобил со повреди опасни по живот во нападот што се случил во јужен Лондон. Засега нема уапсени, а полицијата ги повикува сведоците да дојдат во станицата.
На само тринаесет километри, друга станица е затворена и евакуирана поради дојава за напад со нож. На дел од видеата може да се види како осомничениот вчера шетал по улиците на Лондон носејќи маска, вооружен со голем нож, пренесува „Јутарњи лист“.
Од службите за превоз во Лондон подоцна соопштиле дека метро станицата Кенингтон била затворена поради инцидент со патниците, додека приказните за напад со нож кружеле на социјалните мрежи.
Според медиумите, не се пронајдени врски меѓу инцидентите во Кенингтон и Бекенхем.
Регион
Државниот хрватски инспекторат повлече KitKat чоколада од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе Индекс.хр.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.