Свет
Во Вирџинија се очекува првото погубување на жена по еден век
Гувернерот на сојузната американска држава Вирџинија во петок навечер одбил да ја помилува 41-годишната Тереза Луис, и над неа во четврток (23-ти септември) треба да биде извршена смртната казна, со што ќе стане првата жена погубена во оваа држава по сто години
„Не наоѓам силни причини да се одложи пресудата којшто ја изрече судот. Тереза Луис призна дека извршила гнасните злосторства“, изјавил гувернерот на Виџинија, Роберт Мекдонел, пренесуваат во сабота американските медиуми.Луис е осудена затоа што со двајца соучесници го договорила убиството на својот сопруг 51-годишниот Џулиен Луис и 25-годишниот посинок Чарлс извршено во октомври 2002 г., за да дојде до нивните животни осигурувања во висина од 250 илајди долари. Соучесниците, на кои Тереза која тогаш имала 34 години тим купила пиштоли и им ја оставила отклучена вратата од камп приколката во Данвил каде нејзиното семејство живеело, се осудени на доживотен затвор. Едниот од нив, Метју Шаленбергер кој подоцна во затворот извршил самоубиство, всушност бил љубовник на Тереза. Другиот Родни Фулер се уште молчи.Меѓутоа, обвинителството тврди дека Тереза себеси и тогаш нејзината 16-годишна ќерка се нуделе за сексуални услуги на двајцата убијци. Сега 24-годишната ќерка Кристи Лин Бин е ослободен ао пет години бидејќи било докажано дека таа е знаела за планот. Погубувањето на жената треба да биде извршено во четврток во смртната комора во затворот крај Ричмонд. Тоа треба да извршено со смртоносна инјекција а може да го спречи само Врховниот суд на САД кој го разгледува барањето за помилување.Противниците на смртната казна во САД протестираат против одлуката, сметајќи дека Тереза Луис не заслужува да биде погубена, бидејќи наводно нејзината интелигенција била на граница на менталан ретардираност и дека била манипулирана од двјацата многу поинтелегенти соучесници. Откако е вратено извршувањето на смртните казни во САД, во 1976 г. досега се погубени 11 жени. Последна беше Френсис Њутон во 2005 г. во сојузната држава Тексас, која беше осудена за убиството на сипругот и двете деца.Од 1900 г. во САД се погубени 53 жени од околу 3.200 осудени, а смртната казна токму во сојузната држава Вирџинија последен пат е извршена во 1912 г. со електрична столица на која била погубена 17-годишната Вирџинија Кристиан, за убиството на нејзината работодавачка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.