Свет
Сомалискиот премиер поднесе оставка
Премиерот на Сомалија, Омар Абдирашид Али Шармарке, поднесе оставка по повеќемесечните натегања со претседателот на земјата, со образложение дека судирот претставува „безбедносна закана“ во земјата која се бори со исламистичкото востание и со распространетото пиратство, јавија агенциите
Сомалија нема функционална влада повеќе од 19 години.Оставката на премиерот, сепак, ќе има малку политичко влијание на слабата власт на Сомалија, која контролира само неколку улици во престолнината Могадишу и е под постојани напади од милитантите поврзани со Ал Каеда.Судирот помеѓу Шармарке, кој е канадски државјанин и Ахмед беше поради новиот нацрт-устав на земјата. Шармарке стана премиер во февруари 2009 година, откако владата потпиша договор со позициските групи предводени од Ахмед.Аналитичарите велат дека немањето јасно поделба на должностите помеѓу премиерот и претседателот е главната причина за несогласувањата.Многумина очекуваа дека доаѓањето на Шармарке, технократ образуван на запад и син на популарен сомалиски лидер кој беше убиен во 1969 година, многумина сметаа дека конечно ќе започне обновата на земјата. Откако оваа влада беше основана во соседна Кенија во 2004 година, оставка дадоа двајца премиери и еден претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.