Свет
Медведев забрани продажба на оружје на Иран
Рускиот претседател ја забрани продажбата за Иран на С-300, и друга воена технологија, објави во среда прес-службата на Кремљ, нагласувајќи дека таа одлука е во согласност со резолуцијата 1929 на Советот за безбедност при ОН донесена на 9-ти јуни 2010 г. во врска со ембаргото за Иран
Претходно во среда, началникот на Генералштабот на Руската Федерација, Николај Макаров, објави дека Русија нема да го достави ракетниот систем С-300 на Иран. „Со декретот, меѓу другото, се забранува и движење низ територијата на Русија (вклучувајќи го и воздушниот простор), извозот од територијата на Русија во Иран, како и транспорт за Иран со користење на поморските и воздушните пловила под руско знаме, на секакво вид борбени средства, тенкови, оклопни возила, артилериски системи со голем калибар, борбени авиони, борбени хеликоптери, воени бродови, ракети или ракетни системи, како што се дефинирани за целите не Регистерот на ОН за конвенционални оружја, против-воздушни ракетни системи С-300, материјал поврзан со сето претходно наведено, вклучувајќи и резервни делови“, се наведува во соопштенето од кабинетот на рускиот претседател Дмитриј Медведев што го пренесуваат руските агенции во среда попладне.Договорот за снабдување на Иран со против-воздушниот систем С-300 беше потпишан меѓу Москва и Техеран на крајот од 2007 г. Според договорот, Русија требаше да го снабди Иран со пет батерии од против-воздушниот ракетен систем (ЗРС) C-300ПМУ-1 во износ од околу 800 милиони американски долари. Овој ракетен систем е дизајниран да ги одбрани главните индустриски и административни објекти, воени бази и командни центри од напади од воздух но и од космосот. Системот може да униши балистички цели, но постои теоретска можност за напад врз цели на земјата. Со последните модификации овој систем е модифициран и може да уништува непријателски авиони на оддалеченост од 150 километри и височина до 27 километри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ и Кина повикаа на воздржаност на Блискиот исток
Кина објави дека се противи на каква било ескалација на тензиите на Блискиот Исток.
„Кина се противи на какви било активности кои би можеле дополнително да ги ескалираат тензиите“, изјави денеска Лин Џијан, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.
Реагираше и претседатката на Европската комисија, Фон дер Лајен.
Таа ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од ескалација на ситуацијата на Блискиот Исток.
„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни активности“, рече Урсула фон дер Лајен.
Претходно утрово, светските медиуми објавија дека Израел го нападнал Иран и дека се слушнале три експлозии во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Сепак, засега нема официјални информации од двете држави за тоа што се случувало.
Свет
Разузнавачки извор за Си-ен-ен: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија
Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади меѓу Израел и Иран се завршени.
Изворот разговарал за Си-ен-ен под услов да остане анонимен околу два и пол часа по објавувањето на нападите. Изворот вели дека, според неговите сознанија, не се очекува Иран да одговори на нападот, но не наведе причина.
Претходно и висок ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека „Иран нема план за итна одмазда против Израел“.
Израел сѐ уште не потврдил дека го извршил нападот врз Иран, а тврдењата за нападот дојдоа од Вашингтон.
Од друга страна, од Иран доаѓаат контрадикторни информации, но нема официјален извештај.
Пред само еден час ирански аналитичар изјави за иранската државна телевизија дека „мини дроновите соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан биле управувани од инфилтратори од Иран“.
Претходно, пак, ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека немало ракетен напад и дека експлозиите биле резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Украина тврди дека соборила руски бомбардер
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле руски стратешки бомбардер првпат од почетокот на руската инвазија, а Москва објави дека авионот се урнал поради технички дефект и дека еден член на екипажот загинал.
„Првпат противвоздушните ракетни единици на Военото воздухопловство во соработка со одбранбеното разузнавање на Украина го уништија стратешкиот бомбардер со долг дострел ‘ту-22М3’, кој носи крстосувачки ракети ‘Х-22’“, изјави командантот на украинските воздухопловни сили на „Телеграм“.
Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека рускиот авион „бил соборен благодарение на специјалната операција спроведена од украинското одбранбено разузнавање во соработка со воздухопловните сили“.
Руското Министерство за одбрана не потврди дека украинската страна нападнала еден нејзин авион, но воен извор изјавил за новинската агенција ТАСС дека бомбардерот „туполев-22М3“ се урнал во регионот Ставропол по борбена мисија додека се враќал во базата. Според овој извор, авионот не носел оружје.