Свет
Судири меѓу исламистите и владините сили во сомалиската престолнина
Жестоки судири избиле меѓу исламистички милитанти и владините сили во четврток во сомалискиот главен град Могадишу, при што загинале 19 луѓе а околу 70 се ранети, јави Assocaited Press повикувајќи се на локалните власти
Милитантите вооружени со минофрлачи и митралези, започнале напади во северниот и јужниот дел од Могадишу. Во битката од страна на владините сили се приклучил и дел од контигентот на мировниците на Африканската унија, кои се обидуваат да ги одбијат нападите на бунтовниците кои сакаат да завалдеат со еден од клучните делови од главнтио сомалиска сообраќајна врска. Началникот на Одделението на градската брза помош Али Муса ијзавил дека досега во болниците биле довезени 19 мртви тела и 68 ранети во борбите.Сомалија престана да постои како единствена држава со централна влада во 1991 г. Со падот на диктаторскиот режим на Саид Баре, кој владееше од крајот 1960-те, земјата падна во анархија и брзо се распадна во голем број квази-државни формации. Во моментов, како единствен легитимен орган во земјата меѓународната заедница ја признава Федералната влада на Сомалија, предводена од шеикот Ахмед, но тој контролира само еден мал дел од сомалискиот главен град.Според меѓународни организации, од почетокот на 2007 г. кога вооружениот внатрешен конфликт во Сомалија ја постигна својата кулминација, во земјата загинаа повеќе од 20 илјади луѓе а околу 1,5 милиони станаа бегалци. Една од најопасните милитантни организации е исламистичката Ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда.Во Сомалија, е разместен контингент на мировната мисија на Африканската унија (AMISOM) кој брои повеќе од шест илјади војнци, претеќно од Уганда и Бурудни. Мировниците и владините сили често доаѓаат во жестоки битки со исламистите, при што има и голем број жртви меѓу цивилите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.