Свет
Во САД погубена прва жена по пет години
Тереза Луис осудена на смрт за нарачка на убиство на својот сопруг и посинок, е погубена во четврток навечер, соопшти одделот за санкции на американската сојузна држава Вирџинија
Сега 41-годишната Тереза Луис е погубена со смртоносна инјекција а била прогласена мртва во 21.13 часот по источноамериканско време. Егзекуцијата била извершена во затворот Гринсвил, близу градот Џарату.Луис е осудена затоа што со двајца соучесници го договорила убиството на својот сопруг 51-годишниот Џулиен Луис и 25-годишниот посинок Чарлс извршено во октомври 2002 г., за да дојде до нивните животни осигурувања во висина од 350 илјади долари. Соучесниците, на кои Тереза која тогаш имала 34 години тим купила пиштоли и им ја оставила отклучена вратата од камп приколката во Данвил каде нејзиното семејство живеело, се осудени на доживотен затвор. Едниот од нив, Метју Шаленбергер кој подоцна во затворот извршил самоубиство, всушност бил љубовник на Тереза. Другиот Родни Фулер се уште молчи.Меѓутоа, обвинителството тврди дека Тереза себеси и тогаш нејзината 16-годишна ќерка се нуделе за сексуални услуги на двајцата убијци. Сега 24-годишната ќерка Кристи Лин Бин е ослободена по пет години бидејќи било докажано дека таа е знаела за планот. Погубувањето на жената треба да биде извршено во четврток во смртната комора во затворот крај Ричмонд. Тоа треба да извршено со смртоносна инјекција а може да го спречи само Врховниот суд на САД кој го разгледува барањето за помилување.Противниците на смртната казна во САД протестираат против одлуката, сметајќи дека Тереза Луис не заслужува да биде погубена, бидејќи наводно нејзината интелигенција била на граница на менталан ретардираност и дека била манипулирана од двјацата многу поинтелегенти соучесници. Откако е вратено извршувањето на смртните казни во САД, во 1976 г. досега се погубени 11 жени. Последна беше Френсис Њутон во 2005 г. во сојузната држава Тексас, која беше осудена за убиството на сипругот и двете деца.Од 1900 г. во САД се погубени 53 жени од околу 3.200 осудени, а смртната казна токму во сојузната држава Вирџинија последен пат е извршена во 1912 г. со електрична столица на која била погубена 17-годишната Вирџинија Кристиан, за убиството на нејзината работодавачка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.