Свет
И Чавез и опозицијата прогласија победа о Венецуела
И венецуелскиот претседател Хуго Чавез и подмладениот здружен опозициски блок прогласија победа на парламентарните избори одржани во неделата, соопштија локалните медиуми во вторникот
Светските агенции во понеделникот повикувајќи се на изборните власти пренесоа дека во Венецуела претседателот Хуго Чавез, односно неговата Социјалистичка партија освоила мнозинство, а опозицијата повеќе од третина од пратеничките мандати.Во вторник наутро Националната изборна комисија на Венецуела, пак, соопшти дека Социјалистичката партија освоила 98 места, додека опозициската коалиција Mesa de la Unidad Democratica (Маса на демократскиот сојуз) најмалку 65 мандати, додека се уште е нејасно кому припаднаа двете преостанети пратенички места во венецуелското Национално собрание.Чевез за локалните медиуми изјавил дека е среќен што неговата партија освоила 98 мандати во 165-члениот парламент.„Силите на револуцијата освоија многу важна победа“, изјавил Чавез пред новинарите, обвинувајќи ја опозицијата дека погрешно ги интерпретира резултатите и со помош на странските медиуми ги лиферува во светот.Венецуелската опозиција пред пет години ги бојкотираше парламентарните избори сомневајќи се во изборна измама заради тогаш новововедениот електронски систем на гласање. Со тоа Чавез во 2005 г. доби целосна контрола над парламентот.Резултатите од овие избори се важни заради тоа што двотретинско мнозинсто му беше потребно на Чавез за усвојување на низа реформи во создавањето социајлистичкото општество, а од друга страна, и затоа што во 2012 г. ќе е одржат претседателските избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.