Свет
Досега во 2010-та убиени 90 новинари
Од јануари во 2010 г, убиени се 90 новинари во 33 држави во светот, што е 25 отсто повеќе отколку за целата мината година, објави невладиното здружени Press Emblem Campaign (PEC) кое ги повика професионалните здруженија да бидат поaктивни во заштитата на новинарите особено во зоните на судирите
„Тое е пораз. Не напредуваме. Наместо ситуацијата да се поправа, таа се влошува“, изјавил Блез Лемпен, генерален секретар на здружението со седиште во Женева кое се залага за заштита на новинарите во зоните на судирите.Блез притоа, ги прозвал новианрските органзиации да бидат што поактивни, а владите да бидат поцврсти во спречувањето и казнувањето на ваквите злосторства“, пренесува AFP. Најопасното место на светот за вршење на новинарската рпофесија и натаму останува Мексико каде досега во војната на нарко картелите се убиени 13 новинари. Следат Хондурас и Пакистан со по девет убиени новинари и Ирак со пет убиства на луѓе од медиумите, според презентираните податоци на PEC, при што се нагласува дека ситуацијата во Ирак се влошува наместо да се смирува. Пет новианри се убиени и во Русија на Северен Кавказ и на Филипините, при што се нагласува дека половината од убиствата на новинари досега годинава се извршени во овие шест земји. Новинари при извршувањето на професионалните задачи во 2010 г. се убиени и во Авганистан, Ангола, Сомалија, Уганда, Нигерија, Тајланд, Индонезија, Непал, Венецуела, Колумбија и Индија. PEC во среда апелираше и до меѓународната заедница да изработи Конвенција за заштита на новинарите за да ја засили примената на постоечките закони, а од Советот за човекови права чие заседание е во тек тоа прашање да го стави на дневниот ред. Press Emblem Campaign (PEC) е здружение кое беше основано во 2004 г. Со седиште во Женева со цел да ја зајакне правната заштита на новинарите во зоните на судирите и на цивилите аагажирани во ризични мисии. Ова здружение кое бара носење меѓународна конвенција со која би се подобрила заштитата на медиумите е поддржана од 35 невладини и новинарски здруженија низ целиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.