Контакт

Свет

Северна Кореја најави засилување на нуклеарните погони

Објавено пред

Северна Кореја треба да ги засили своите сили за „нуклеарно одвраќање“, како одговор на заканите од САД, рекол заменикот на севернокорејскиот министер за надворешни работи, во средата, пренесува Reuters

dobivaj vesti na viber

„Се додека американските нуклеарни носачи на авиони пловат по морињата на нашата земја, не можеме да се одрекнеме од нуклеарното вооружување за одвраќање, туку тоа би требало да се зајакне. Тоа е поуката што ја извлековме“, изјавил заменикот-министер Пак Кил-Јон на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.„САД не се бранител, туку нарушител на мирот“, додал Пак.Сепак, тој подоцна рекол дека фицијалната политка на Пјонгјанг и натаму е можната денуклеаризација на Корејскиот полуостров и воопшто на светот.„Нашите нуклеарни оружје не се за напад или за заплашување на другите, туку средство за одвраќање и за самоодбрана, за да се спротиставиме на надворешна агресија и напад“, додал севернокорејскиот заменик министер за надворешни работи.Пак додал дека Северна Кореја како „одговорна држава која поседува нуклеарно одружје“, е подготвена да се придружи на меѓународните настојувања да се спречи ширењето на нуклеарното оружје и сигурното управување со нуклеарните материјали „полноправно со  другите држави коишто поседуваат нуклеарно оружје“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Објавено пред

Родителите се тие кои имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира брзо, изјави за Телеграф.рс Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција.

dobivaj vesti na viber

Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока, бидејќи ја чешла секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини, бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.

– Би можело да биде се, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата, вели Ницовиќ за српски Телеграф.

Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четврти ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.

Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија пристигна тешка механизација која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Таџикистан се уапсени девет лица поврзани со масакрот во Москва

Објавено пред

Таџикистан уапси девет лица осомничени дека се поврзани со масовното пукање во руската концертна сала минатиот петок, како и милитантна исламистичка група која ја презеде одговорноста за нападот, изјави таџикистански безбедносен извор за Ројтерс. Четворицата осомничени напаѓачи зад најсмртоносниот напад во Русија во последните 20 години се државјани на Таџикистан. Тие беа уапсени со уште седум други осомничени, од кои некои исто така потекнуваат од поранешната советска централноазиска земја.

dobivaj vesti na viber

Одборот за државна безбедност на Таџикистан приведе девет лица во градот Вахдат. Осомничените сега се во главниот град Душанбе, рече изворот, но не даде детали. Најмалку 143 лица загинаа во напад на концертна сала во близина на Москва.

Таџикистан, член на безбедносниот блок предводен од Русија и дом на руската воена база, ги собра семејствата на осомничените напаѓачи за да можат да бидат испрашани од руските истражители во Душанбе, изјавија извори за Ројтерс.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во концертната сала, а американските официјални лица рекоа дека имаат разузнавачки информации кои укажуваат на тоа дека нападот го извршил авганистанскиот огранок на мрежата, Исламската држава Хорасан (ИСИС-К).

Руските истражители вчера објавија дека пронашле докази дека напаѓачите се поврзани со „украински националисти“. САД веднаш го отфрлија тврдењето како неоснована пропаганда. Киев остро негираше каква било вмешаност во нападот на концертната сала.

Прикажи повеќе...

Регион

Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит

Објавено пред

Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.

Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија4 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион5 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион5 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа5 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет6 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа6 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија18 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија20 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија22 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија22 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија24 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија1 ден

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет1 ден

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 ден

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија1 ден

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...