Свет
ИСАФ го потврди загинувањето на цивили во Газни

Прес-службата на Меѓународните безбедносни сили за помош во Авганистан (ИСАФ) во четвртокот го потврди загинувањето на цивили при нападот на воздушните сили на НАТО во јужниот округ Андар во авганистанската провинција Газни, јавува дописникот на РИА Новости од Кабул
Претходно во средата, шефот на локалната управа на округот Андар, Ширхан Јусуфзај изјави дека од ракетните хеликоптерски напади загинале четири деца, а биле ранети двајца мажи и една жена, сите членови на едно семејство, кои во моментот на инциденот работеле на својот имот. Во соопштението на портпаролот на ИСАФ, полковникот Џон Дориан, се напоменува дека „постои веродостоен доказ дека во округот Андар се убиени и ранети цивили. Мешана комисија којашто го истражува инцидентот денеска го посети местото на настанот за да ги добијат потребните докази“. Според претставникот на ИСАФ, инцидентот се случил откако патрола на НАТО се нашла под оган од бунтовниците во областа и побарала воздушна поддршка. Хеликоптерите ги нападнале позициите за кои им било јавено дека се држени од милитантите.„ИСАФ длабоко жали за смртта и ранувањата на Авганистанците и темелно ќе го истражи инцидентот“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Кипар земјотрес со јачина од 5,3 степени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Кипар, а засега нема извештаи за штети.
Потресот се случил во 15:27 часот и го почувствувале жителите на облакодерите во главниот град Никозија, при што некои во паника излегле од становите.
Кипар се наоѓа на трусно подрачје, но силните земјотреси не се чести.
Најсилниот земјотрес во поновата историја на Кипар беше со јачина од 6,3 степени во 1996 година и предизвика мали штети.
Свет
(Видео) Бил Клинтон задремал на говорот на Бајден?

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон изгледа здремал за време на инаугуративниот говор на Џо Бајден, пишува „Њујорк пост“.
На снимките кои по церемонијата се раширија на социјалните мрежи се гледа дека 74-годишниот Клинтон едвај ги држи очите отворени, а главата често постепено му паѓа надолу за време на обраќањето на Бајден во Капитол.
Bill Clinton ass sleep 😂 pic.twitter.com/fqTvk1chWY
— Drew (@MrOsoku_) January 20, 2021
„Бил Клинтон дефинитивно спие“, вели машки глас на снимка од мобилен телефон емитувана во емисија на Си-би-ес њуз, објавена од корисник на „Твитер“.
Слична снимка, извлечена од телевизискиот извештај на Би-би-си, беше објавена и на „Јутјуб“ под наслов „Бил Клинтон заспа на инаугурацијата на новиот претседател“.
Joe Biden puts Bill Clinton to sleeppic.twitter.com/TsM4jc4wx7
— The First (@TheFirstonTV) January 20, 2021
Клинтон на инаугурацијата седеше покрај неговата сопруга Хилари и во близина на поранешниот претседател Џорџ В. Буш и сега поранешниот потпретседател Мајк Пенс.
Европа
Меркел: Mи се крши срцето кога ќе помислам колку многу луѓе умреа во самотија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е силно емотивно погодена од големиот број смртни случаи во домовите за стари лица, за време на пандемијата од коронавирусот.
„Срцето ми се крши кога ќе видам колку луѓе… починаа таму во самотија“, изјави Меркел пред новинарите во Берлин. „Емотивно гледно, мене тоа ми падна многу тешко“, призна таа.
Бројот на смртни случаи во пандемијата во Германија е зголемен за три пати од почетокот на декември, искачувајќи се на речиси 50.000 смртни случаи, поврзани со инфекција од коронавирус.
Вториот бран на пандемијата од Ковид-19 особено ги погоди домовите за стари лица.
Канцеларката исто така ја бранеше одлуката на Германија да се приклучи на заедничката иницијатива за набавка на вакцини во Европската Унија и ги отфрли тврдењата дека нејзината земја не обезбедила доволно вакцини за свои потреби.
Меркел им изјави на новинарите дека би било навистина многу ужасно доколку Германија почнела со вакцинирање додека другите, економски послаби земји, само стојат отстрана и чекаат.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот