Свет
Ердоган и' порача на ЕУ да не ја влече Турција за нос
Турскиот премеир Ердоган во среда ја повика Европската Унија да го реши прашањето за турското членство во оваа регионална органзиација
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и неговите претходници, постојано повторува дека приклучувањето на Европската Унија е стратешка цел на Анкара. Преговорите за пристапување на Турција кон ЕУ како полноправна членка започнаа во октомври 2005 г. Лидерите на неколку земји на ЕУ, особено, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Николас Саркози во неколку наврати се спротивставија на приемот на Турција во Унијата, им го понудил на статусот на привилегиран партнер. Во Анкара, како одговор на ваквите изјави велат дека го отфрлаат модлеот привилегирано партнерство како алтернатива за интеграцијата во ЕУ.„Ако не ја сакаат Турција, тоа нека го кажат отворено, не да не’ влечете за носот“, изјави турскиот премиер Ердоган во Истанбул на меѓународен бизнис форум во среда, што беше во живо пренесувано на труската национална телевизија.Турскиот премиер, исто така, рече дека ЕУ е во потрага по изговор за да го комплицира процесот на интеграција на Анкара.„Европската Унија не го откажува приемот, но ги прави сите изговори и формулации“, додаде Ердогана.Министерот Егемен Багјаш, кој е задолжен во турската влада за европската интеграција, коментирајќи ги резултатите од петгодишниот процес на преговори со ЕУ, изјави дека на „европски пријатели им порачувам дека е крајно време да се финализира ова прашање за Турција во ЕУ.“Преговорите меѓу Турција и ЕУ почнаа на 5-ти октомври 2005 г., по 33 поглавја од прашалникот, кои досега се намалија за 13 позиции, а преговорите се блокирани по 17 кои се блокирани од политички причини, особено поради ставот на Турција по Кипарското прашање, рече Багјаш.Долготрајниот проблем со Кипар е еден од камењата на сопнување во процесот на преговорите меѓу Турција и ЕУ. Анкара во неколку наврати соопшти дека нема да ги отвори своите пристаништа за Кипар додека не се симне меѓународната изолација на самопрогласената Турска Република Северен Кипар (ТРСК). Турција, исто така, одбива на поделениот остров да ја признае Република Кипар, која, пак, е членка на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.