Свет
Уапсена сопругата на кинескиот Нобеловец за мир
Иако кинеските власти и’ дозволија на својот сопруг Лиу Ксјаобо да му соопшти дека ја обил Нобеловата награда за мир, неговата сопруга Лиу Ксиу сепак подоцна била задржана во нејзиниот стан
Оваа информација во недела навечер ја пренесе CNN, повикувајќи се на нејзиниот адвокат и на организацијата за заштита на човековите права Freedom nоw. Како што претходно во недела соопшти Центарот за известување за човековите права и демократијата од Хонгконг, брачната двојка се сретнала во недела, според мајката на сопругата на Лиу Ксјаобо, пренесе AFP.Од организацијата додаоа дека со сопругата Лиу Ксиу не било можно да се контактира од петокот навечер. Тогаш рекла дека е во присуство на полицајци кои и рекел дека ќе ја одведат во покраината Лиаонинг каде е затворен нејзиниот сопруг, за да може да му ја пренесе веста за наградата.Меѓутоа, како што вечерва пренесе CNN, откако се вратила од затворот оддалечен неколку стотини километри северно од Пекинг во својот стан веќе не и’ дозволувале да излезе од него а и’ бил уништен и телефонот. Со неа сепак преку Твитер комуницирала Бет Шванке, правната советничка на организацијата Freedom now.„Откако Лиу Ксјаобо слушнал дека ја добил Нобеловата награда, заплакал и рекол дека тоа е награда за сите маченици од Тиенмен“, изјавила Шванке. Во петок норвешкиот комитет за Нобеловата награда во петокот светското признание за мир му го додели на Ксјаобо „за неговите трајни и ненасилни напори во полза на човековите права во Кина“,Педесет ичетири-годишниот Лиу Ксјаобо ја отслужува 11-годишната затворска казна откако е осуден како еден од авторите на „Повелбата 08“ со која се бара демократизација на Кина. Тој е осуден за „поткопување на државната власт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.