Свет
Во Авганистан во недела седум загинати
Крајпатни бомби во недела во Авганистан однесоа уште седум животи, меѓу кои и двајца војници на НАТО, додека во одвоен напад загинало и едно дете кое кога бомбаш самоубиец активирал експлозив кога минувал воен конвој, пренесува AFP
Двајцата војници на НАТО биле убиени на пат во јужен Авганистан. Од командата на Алијансата според востановената практика не сакале да ја соопштат националноста ниту точна локација на која загинале војниците додека нивните семејства не бидат известени од националните команди или министерствата за одбрана. Во саботата во експлозија во покраината Фарах загинаа четворица италијански војници. Така што со денешните загинувања, во првите десет дена од октомври се убиени вкупно 26 војници на НАТО.Во последно време се интензивирани нападите на авганистанските бунтовници врз меѓународните сили и авганистанските безбедносни служби, иако тоа стана секојдневие во деценијата што измина од американската инвазија со која беше соборен талибанскиот режим. Авганистанската влада во настојувањето да се намали насилството во земјата основаше комисија кое треба да започне преговори со бунтовниците. За шеф на оваа комисија во саботата беше именуван поранешниот авганистански претседател Бурханудин Рабани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.