Свет
Убиен командант на талибаните, САД обвинети за пропаганда
Еден командант на бунтовничкото движење „Хакани“ и уште тројца борци се убиени во престрелка со силите на НАТО и на Авганистан на истокот на земјата, соопшти денес Алијансата, пренесува Аssocaited Press
Ансари Кан, обвинет за повеќе напади врз коалиционите сили е убиен кога неговата група нападнала база на коалиционите сили со гранати. Војниците на НАТО и на Авганистан возвратиле на нападот , при што ги убиле четворицата бунтовници. Мрежата „Хакани“ е фракција на талибаните од Пакистан, која има многу блиски врски со Ал Каеда. Мрежата е основана од Џалалудин Хакани, командант кој во текот на 1980-те години и борбата против Русите во Авганистан ја имаше целата потребна поддршка од пакистанската влада, но и од САД.Авганистанските и коалиционите сили повеќе од еден месец вршат силен притисок врз талибаните и другите бунтовнички фракции во северен Авганистан, при што се уапсени или убиени 18 команданти, тврдат од НАТО.Од друга страна, портпаролот на талибаните Јусуф Ахмади го обвини НАТО дека спроведува пропагандна кампања за да ги деморализира бунтовниците, со тоа што измислува талибански водачи и потоа тврди дека се убиени или заробени.„Повеќето од имињата на командантите кои ги употребува НАТО воопшто не постојат. Ова е само игра на Американците, ништо повеќе“, тврди Ахмади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.