Свет
Кинески функционери повикуваат на слобода на говорот
Група еминентни постари членови на кинеската Комунистичка партија објавија храбар повик за ставање крај на широките рестрикции на слободата на говорот во земјата, само неколку дена откако земјата остро реагираше на доделувањето на Нобеловата награда за мир на дисидентот Лиу Ксјаобо
Во отвореното писмо ставено на интернет, пензионираните функционери велат дека иако Уставот на Кина од 1962 ја гарантира слободата на говорот, ова право е ограничено од цела серија закони и регулативи кои треба да бидат отстранети.„Овој вид на лажна демократија, кога нешто се одобрува во принцип, но се забранува во реалноста е скандал во историјата на демократијата“, се вели во писмото со датум од понеделникот, кое беше испратено до огромен број на електронски адреси.Ванг Јонг Ченг, пензиониран професор по право и еден под потписниците на писмото, вели дека тоа било инспирирано од неодамнешното апсење на новинар, кој пишувал за корупцијата при преселувањето на земјоделци од област предвидена за изградба на брана.„Сакаме да поттикнеме акција за владеење на земјата во согласност со законот. Ако е прекршен уставот, тогаш земјата ја губи својата легитимност. Народот мора да може да ги користи своите легитимни права“, вели тој.Писмото го повикува националниот народен конгрес, парламентот на Кина, да ги отстрани рестрикциите на публикации и да воведе систем на пост-фестум контрола, како што повеќето држави на светот сторија многу одамна.„Нашиот постоечки систем на цензурирање на вестите и публикациите е 315 години зад Британија и 129 години зад Франција“, се вели во писмото. Во писмото натаму се вели дека системот на цензурирање станал толку рестриктивен, што дури и пасосите од говорите на премиерот Ван Џиабао, кои повикуваат на реформи, се исфрлени од официјалните извештаи на медиумите. Вен во последниве неколку недели го привлече вниманието на јавноста со неколкуте невообичаени повици за еволуција на комунистичкиот систем .Владата инсистира дека ги гарантира слободите и посочува на огромното подобрување на примањата на луѓето и на квалитетот на нивниот живот како на доказ дека еднопартискиот систем најмногу одговара за владеење на Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.