Свет
Уапсена ерменска група што ја подготвувала најголемата измама во САД
Американската полиција уапсила 73 членови или лица поврзани со ерменската мафија, кои се обиделе да ја изведат најголемата измама во државниот систем на здравственото осигурување во историјата
Мафијашите, како што наведува обвинителството, се обиделе преку Medicare да извлечат 163 милиони долари. Повеќето криминалци се уапсени во текот на ноќта во Њујорк и Лос Анџелес, а имало апсења и во други три сојузни држави. Измамничката операција ја водел Армен Казариан, 46. годишен предводник на криминалната организација, заедно со 31. годишниот Давид Мирзојан и 35. годишниот Роберт Тердјанијан. Истрагата во Њујорк започна кога е јавено дека е украден идентитетот на 2.900 корисници на Medicare во истоимената сојузна држава. Криминалците исто така го украле и идентитетот на докторите и во 25 држави ширум САД отвориле 118 непостоечки „фантомски“ клиники и наплатувале за услуги што никогаш не ги извршиле. Само во Њујорк се издадени сметки вредни преку 100 милиони долари, а исплатени се преку 35 милиони. На крајот криминалците биле фатени поради нестручноста при пишувањето на сметките. Лажни офтамолози тестирале меури, оториноларинголозите правеле ултразвук врз трудници, дерматолозите правеле тестови на срце, а гинеколози лечеле луѓе од алергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.