Свет
Спречени серија напади во Њујорк
Четирите заговорници кои беа уапсени во мај во Њујорк под сомнение за обид да кренат во воздух една синагоа и Еврејскиот центар се прогласени виновни, пренесоа во понеделник навечер американските медиуми
Џејмс Кромити, Дејвид Вилијамс, Онта Вилијамс и Лагер Пајен признале дека се виновни за обид за употреба на оружје за масовно уништување, соопштила во понеделник канцеларијата на обвинителството на њујоршкиот Јужен Округ. Агентите на FBI ги уапсиле тројцата американски државјани и државјанинот на Хаити, откако тие поставиле експлозивна направа во камион пред синагогата и две рачно направени бомби во автомобил паркиран два блока од Еврејскиот центар.Двете згради се наоѓаат во областа Ривејдел, каде се наоѓа и колонијата на руските дипломати и новинари, а помалку од два километра од станбениот комплекс на членовите на Постојаната мисија на Русија во Обединетите нации. .Според сознанијата на истрагата, заговорниците имале намера со помош на преносен воздушно-ракетен систем (MANPADS) „земја-воздух“ да соборат воени авиони во воздушната база на Националната гарда во американскиот град Њубург, 110 километри северно од Њујорк, каде што тие живееле.Поротата во понеделник ги прогласила за виновни и по оваа точка од обвинението.Агентите на Федералното истражно биро ја следеле групата речиси цела години, при што успеале во неа да инфилтрираат информатор кој ги снабдил заговорниците со „експлозивни материи“ и со нефунцкионирачки систем MANPADS. Американските специјални служби уверуваат дека обезбедувањето на вакво оружје за масовно уништување не претставувало закана за граѓаните.Четворицата сакале да се одмаздат за Авганистан, рече обвинителот на Јужниот округ на Њујорк, Лев Дексин.„Кромити на информаторот му рекол дека неговите родители живееле во Авганистан и дека тој бил навреден од војната и од тоа што голем број муслимани се убиени од страна на Американците во Авганистан и во Пакистан. Тој сакал да се врати во Авганистан и се интересирал дали ќе оди во рајот, ако загине како борец“, соопшти во мај њујоршкото обвинителство.Групата, исто така, имала намера да се приклучи на терористичката организација Џаиш-е-Мохамад (Jaish-e-Mohammed) или Армијата на Мухамед, со седиште во Пакистан. Оваа пакистанска исламистичка организација е позната по користење бомбаши-самоубијци регрутирани во Запад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.