Свет
Неуспешен атентат врз претставникот на ОН во Ирак
Крајпатна мина експлодирала додека минувал конвојот на специјалниот претставник на Обединетите нации за Ирак, Ад Мелкерт, но тој не е повреден, соопштила портпаролката на мисијата на ОН во Ирак, јавува Reuters
Колоната во која бил специјалниот претставник Ад Мелкерт се движела кон аеродром во светиот шиитски град Наџаф, 160 километри јужно од ирачката престолнина Багдад. Експлзовната направа била активирана додека конвојот со специјалниот пратреник на ОН минувал по патот, но предизвикала оштетувања на второто и последното возило од колоната која била на заминување од градот. Притоа загинал еден полицаец а тројца биле ранети.„Специјалниот претставник беше во конвојот. Тој е неповреден. Со него се е во ред. Не можеме да шпекулираме кој е мотивот за нападот“, изјавила портпаролката на мисијата на ОН во Ирак.Властите во Наџаф соопштија дека Мелкерт престојувал во градот во посета на големиот ајатолах Али ал-Систани, кој е најавторитетниот шиитски муслимански свештеник.По средбата, Мелкерт ги повика политичките водачи во Ирак без одложување да седнат на маса и да преговараат за формирање коалициона влада, бидејќи и седум месеци по изборите не е прогласен попбедни и не е формирана власта во земјат, соопшти по средбата канцеларијата на ајатолахот Систани.Долготрајниот политички ќорсокак ги зголеми тензиите во Ирак исто како и секташките масакри меѓу некогаш политички доминантните сунити и мнозинството шиити кои избувнаа по бунтот во во 2003 г. по инвазијата на меѓународната коалиција предводена од САД. Насислтвото во Ирак особено се зголеми по почетокот на целосното попвлекување на трупите на САД од земјатаИако вкупното насилство во Ирак е намалено, нападите од страна на сунитските исламистички бунтовници врз некои шиитски милициски групи продолжуваат на дневна основа.Мисијата на Обединетите нации во Ирак работи под силно обезбедување во Ирак, откако во 2003 г. камион-бомба во Багдад експлодираше во мисијата на ОН при што загинаа 22, вклучувајчи го и тогашниот претставник на ОН во Ирак, Бразилецот Серџо Виеира де Мело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Египет го достави предлогот на Хамас до Израел за едногодишен прекин на огнот во Газа
Египетските власти му доставија на Израел предлог изготвен од Хамас, со кој се бара едногодишен прекин на огнот во Појасот Газа во замена за радикалните Палестинци да ги запрат нападите врз израелските сили, објави ТВ каналот Ал Хадат со седиште во Дубаи.
Според извештаите, Египет го доставил предлогот на Хамас до израелската делегација. Изворите наведоа дека и Египет презентирал сопствена иницијатива, барајќи од Израел целосно да ја прекине операцијата во градот Рафах на југот на Појасот Газа во близина на египетската граница, пренесе ТАСС.
За возврат, египетските власти ветуваат дека ќе обезбедат „напредок во разговорите“ со радикалните палестински групи за ослободување на израелските заложници што ги држат во Појасот Газа, велат изворите.
На 1 декември 2023 година, израелската армија го обвини Хамас за кршење на примирјето што стапи на сила на 24 ноември и за продолжување на борбените операции во Појасот Газа.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.