Свет
Американка убила четири бебиња во Пенсилванија
Жена во американската сојузна држава Пенсилванија убила најмалку четири бебиња и ги сокрила нивните останки во плакар, соопштија американските истражни органи
Истрагата соопшти дека 44. годишната Мишел Калина затруднела со неколку бебиња најверојатно во вонбрачни афери, но ја криела бременоста и потоа усмртила најмалку четири бебиња. На депонија се пронајдени и остатоците на петтото бебе, но не е докажано дали бебето е родено живо. Таа била уапсена во август оваа година, откако сопругот и ќерката ги пронашле телата, не слушајќи ја нејзината наредба да не го отвараат плакарот во станот каде што живееле. Таму пронашле куп коски, по што ја повикале полицијата. Полицајците рекле дека не веруваат дека станува збор за човечки коски и им предложиле да ги фрлат. Потоа пронашле уште докази, коски во фрижидерот и во кутија, па повторно ја повикале полицијата. Калина побегнала, а властите покренале истрага. Форензичките тестови покажале дека бебињата се родени живи, а потоа задушени, отруени или занемарени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.