Свет
Русија ќе и продава гас на Украина по пониски цени
Украина ќе плаќа во просек по 230-235 долари за 1.000 кубни метри руски гас во првото тримесечје од 2011 година, што е помалку од предвиденото, изјави украинскиот премиер Мика Азаров
Веста за ова следеше по разговорите помеѓу Азаров и рускиот премиер Владимир Путин . „На вчерашната средба беше забележан значителен напредок “, рече Азаров пред новинарите во Киев. Путин пак изјави дека не е постигнат договор, додаде дека разговорите ќе продолжат и изрази уверување дека ќе се најде решение кое ќе ги задоволи и двете страни. Украинското министерство за енергетика на почетокот на октомври објави дека цената за руските гас кон Украина ќе биде помеѓу 245-270 долари за 1.000 кубни метри природен гас во првиот квартал на 2011 година. Заменик претседателот на “Гаспром” Валериј Голубев рече дека цената на природниот гас во првиот квартал на 2011 година ќе остане на нивото од четвртиот квартал на оваа година, а тоа е 250 долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.