Свет
Кина и Јапонија го засилуваат спорот
Кина ја обвини Јапонија за извртување на фактите за спорните острова во Источнокинеското море, во продолжение на дипломатската кавга која започна пред еден месец кога кинески рибарски брод се судри со јапонски патролни бродови во водите на спорните острови, пренесува Assocaited Press
Кина, исто така, го обвини Токио дека го злоупотребува самитот на АСЕАН и го претвора спорот во „жешка тема“ на самитот.Претходно, министрите за надворешни работи на Кина и на Јапонија на маргините на самитот остварија средба, на која се обидоа да ги омекнат ставовите и на двете страни. Спорот ги доведе дипломатските односи помеѓу двете азиски економски суперсили на најниско ниво во последната деценија.Кина повторно го искажа својот став за неспорен суверенитет врз спорните острова, кои во Кина се нарекуваат Диају, а во Јапонија Сенкаку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.