Свет
Бројката загинати во црквата во Багдат се искачи на 52
Во нападот на католичката црква во ирачкиот главен град Багдад во кој беа земени заложници загинале 52 лица а педесетина се повредени
Во акцијата за спасување загинале седум полицајци, а 15 беа повредени, соопшти Министерството за внатрешни работи на Ирак. Во текот на ослободувањето на заложниците пет напаѓачи биле ликвидирани, а осум се уапсени, некои од нив носеле самоубиствени појаси со експлозив и биле вооружени со гранати. Нападот на католичката црква беше извршен во недела навечер за време на служба во која стотина лица беа земени како заложници. Тие беа ослободени од ирачките безбедносни сили, а борбата со напаѓачите траеше околу четири часа..Групата вооружени лица со наметнати елеци кои ги носат исламистичките бомбаши-самоубијци ја држеа под опсада црквата „Пресвета Богородица на Спасението“, една од најголемите христијански цркви во Багдад, откако успеја да се пробијат во црквата во текот на неделната миса.Портпаролот на началникот на безбедносните сили на ирачката престолнина, генерал-мајорот Касим ал Мусави потврдил дека петмината напаѓачи биле убиени за време на операцијата за спасување на заложниците, а притоа загинале и еден полицаец и едно лице од персоналот на црквата, пренесува Reuters.Исто така, Ал-Мусави за агенцијата потврдил дека во операцијата која ја оценил за успешна биел ранети уште 12 лица.Овој извештај за Reuters го потврдиле и американските воени претставници, кои одвивањето на спасувачкат аоперација ја снимале со камери од хеликпотер кој ја надлетувал станбениот кварт Кадарда која инаку се наоѓа во близина на силно обезбедуваната ткн. Зелена зона на Багдад, во која се наоѓаат најголемиот број странскидипломатски претставништва и објекти на ирачката влада.„Ирачките сили влегоа во црквата и ги спасија заложниците, Тие во моментов ја имаат контролата врз црквата“, изјавил американскиот воен портпарол, полковникот Ерик Блум. Полицикси извори потврдиле дека напаѓачите барале ослободување на затворени приапдници на Ал Каеда, вклучувајќи ја и вдовицата на Абу Омар ал-Багдади, ликвидираниот во април лидер на ирачката исламистичка терористичка група Исламска држава Ирак, којашто директно соработува со Ал Каеда.Во телефонски повик до локалната телевизија Al Baghdadiya, едно лице кое се претставило како еден од напаѓачите кои ги држат заложниците во црквата, исто така барал ослободување на припадници на Ал Каеда затворени во Египет.Нападот во неделата навечер по локално време започна со најмалку една експлозија проследена со рафали од огнено оружје а набрзо потоа багдадската полиција направи опсада на областа околу Асириската католичка. Првично постоеја соменвања дека цел на нападот била ирачката берза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги
Уделот на граѓаните на ЕУ, кои купуваат печатени книги, списанија или весници преку интернет, е сè уште значително поголем од оние што купуваат е-книги, списанија или весници, покажува новото истражување на Евростат објавено по повод Светскиот ден на книгата и авторското право, кој се слави на 23 април.
На ниво на ЕУ, во 2023 година, 13,4 отсто од оние што купиле на три месеци пред истражувањето платиле печатена книга преку интернет. Тоа беше повеќе отколку во 2022 година (12,7 проценти), но помалку отколку во 2021 година (14,5 проценти).
Во набљудуваниот период 7,2 отсто од граѓаните во ЕУ купиле е-книга во споредба со 6,6 отсто во 2022 година и слично како во 2021 година. Најголем процент граѓани што купиле печатена книга во трите месеци од 2023 година пред истражувањето е во Холандија, во Луксембург и во Ирска – над 20 отсто, а најмалите, само малку повеќе од еден отсто, на Кипар.
Во исто време, најголем број на оние што купиле е-книга е забележан во Данска – 22 отсто, а најмал на Кипар – помалку од еден отсто. Данска и Финска се единствените земји членки на ЕУ во кои повеќе луѓе купувале електронски отколку печатени книги.
Регион
Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово
Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната управа на Србија на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.
За извештајот на Немец гласале 406 од 597 европратеници, 97 биле против, а 94 биле воздржани.
По гласањето во ЕП, последниот збор за овој предлог треба да го дадат министрите на Советот на ЕУ.
Претходно овој месец, амбасадорите на земјите членки на ЕУ се согласија со предлогот на ЕП и Советот на ЕУ за измена на регулативата за иматели на српски пасоши издадена од Координативната управа на Србија, со која се доделува визна либерализација на носителите на овие пасоши, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.
Претходно, Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП на 9 април го усвои нацрт-извештајот за визна либерализација.
Целиот Западен Балкан ќе има ист визен режим за патување во ЕУ
Оваа одлука гарантира целиот регион на Западен Балкан да има ист визен режим за патување во ЕУ, објави тогаш ЕП.
Постои можност одлуката за визна либерализација за имателите на српски пасоши во Косово да почне да се применува до почетокот на летото.
Србите од Косово се единствените од Балканот на кои им е потребна виза за ЕУ
Србите од Косово и Метохија, кои поседуваат пасоши издадени од Координативната управа, која функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија, се единствените на кои им е потребна виза за влез во земјите на ЕУ откога од 1 јануари годинава беа укинати визите за граѓаните на Косово.
Во ноември 2023 година Европската комисија предложи да почне постапка за вклучување на граѓаните на Косово, кои имаат пасоши издадени од Координативната управа на Србија, преку визна либерализација.
Свет
(Видео) Драматична снимка од спасување во Минесота, маж беше заглавен во запален автомобил
Група луѓе успеале да скршат запален автомобил и да спасат маж заробен во возилото, а драматичниот момент на спасувањето во Минесота беше снимен.
На видеото се гледа група луѓе околу автомобил зафатен од пламен. Тие очајнички се обидуваат да ја отворат вратата пред некој да го скрши прозорецот на возачот и потоа да го повлече на безбедно.
Инцидентот се случил минатиот четврток околу 18.30 часот.
Властите соопштија дека „хондата“ скршнала надесно и удрила во столб за осветление, а потоа и во заштитна ограда пред да се запали, создавајќи чад и голем пожар.
Возачот потоа бил пренесен во болница, но не добил сериозни повреди.