Свет
Почнаа изборите во Конгресот на истокот на САД
Избирачките места за мандати во американскиот Конгрес, кои се одржуваат на половина од мандатот на претседателот Барак Обама, се отворени денеска во сојузните држави на истокот на САД, пренесува Бета.
Изборите започнаа во шест часот по локално време во осум американски држави, а поради временските разлики, последните изборни единици ќе бидат затворени најдоцна на западниот брег, Хаваите и Алјаска.
На изборите се гласа за сите 435 места во Претставничкиот дом, за 37 од 100 места во Сенатот и за 37 гувернери.
Според последните анкетни на Франс прес, претседателот на САД може да ја изгуби контролата врз Претставничкиот дом, Конгресот.
Американското избирачко тело е поделено, иако истражувањата покажуваат дека републиканците имаат предност од 49 отсто, а додека за демократите ќе гласаат 43 отсто.
Обама во својата предизборна кампања посвети големо внимание на државата Охајо, каде двете партии имаат подеднаква поддршка од избирачите, посебно што гувернерот Тед Стрикланд може да ја изгуби својата функција во корист на републиканскиот кандидат, поранешниот конгресмен Џон Касиќ.
Најнеизвесна и најважна изборна трка за место во Сенатот се води во сојузната држава Невада помеѓу републиканскиот кандидат Шерон Енгл и лидерот на демократското мнозинство во Сенатот Хенри Рид./крај/бета/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.