Свет
Во новиот биланс најмалку 78 загинати по најновата ерупција на Мерапи

Бројот на загинати по ерупцијата на вулканот Мерапи во Индонезија се искачи на 78 лица, со што вкупната бројка на настрадани од почетокот на ерупциите минатата недела достигна 122 луѓе
Најтешко е погодено селото Бронгаг, лоцирано во подножјето на вулканот.Облаци на врел пепел и гасови достигаат до четири километри во висина, пренесува агенцијата Reuters, повикувајќи се на локалните власти.Од 26. октомври до ноќешната ерупција на Мерапи, еден од најактивните вулкани на светот, загинаа 102 лица. Повеќе од 75.000 луѓе од зоната од 20 километри околу вулканот, беа принудени да се евакуираат во побезбедните делови на земјата. Локалните власи страхуваат дека бројката жртви може да се зголеми. Евакуирано е населението од сите села кои се наоѓаат на 20 километри од вулканот.Индонезиските вулканолози тврдат дека однесувањето на Мерапи е целосно на непредвидливо. Меѓународниот аеродром во Јогјиарта е затворен за сообраќај, а целото подрачје околу вулканот е прекриено со густ пепел, кој Мерапи ги исфрла четири килоемтри во височина и 11 климоетри низ неговите падини .Вулканот Мерапи се наоѓа на 26 километри од градот Јогјиарта и е најактивниот од 69-те активни вулкани на Индонезија.Во последната ерупција на вулканот Мерапи кој е на височина од 2.914 метри од 2006 г. загинаа две лица. Таа се случи два дена пред земјотресот со магнитуда од 6,3 степени по Рихтер кој го погоди градот Јогјиарта и околината, при што настрадаа околу 5.800 лица. Најстрашната ерупција на овој вулкан се случила во 1930 г., кога животите ги изгубиле 1.300 луѓе.Ерупцијата на Мерапи се совпадна со цунамито кое ги погоди оддалечените острови на земјата предизвикано од земјотресот со магнитуда од 7,7 степени по Рихтер во кое загинаа најмалку 450 луѓе.Индонезија се наоѓа во ткн. Огнен прстен во Тихиот Океан, подрачје во кое на спојувањето на континенталните плочи се случува силна сеизмичка активност. Земјотрес со магнитуда од 7,9 степени на 30-ти септември минатата година го погоди индонезискиот остров Суматра, во кој загинаа повеќе од илјада лица. Во декември 2004 г., северо-западниот брег на индонезискиот остров Суматра беше погоден од еден од најсилните земјотреси во светот изминатите 40 години, при што беше предизвикано разорно цунами од кое настрадаа стотици илјади луѓе во 12 земји во Индискиот Океан. Серија земјотреси ја тресеа Папуа и во средината на јуни кога загинаа три лица, а Индонезија на 12-ти февруари годинава беше погодена од силен земјотрес во кој 60 лица беа повредени а илјадници и луѓе останаа без домови.На 26-ти август 1883 г. е забележана ерупцијата на познатиот вулкан Кракатау, кој се наоѓа во Зондскиот теснец меѓу Јава и Суматра. Тогаш почнала првата ерупција која траела до утрото на 27-ми август. Од потресите на околните острови биле уништени многу домови. На 27-ми август, околу 10 часот утрото се случила огромна експлозија, а еден час подоцна и втората вулканска експлозија со иста голема сила. Се проценува дека повеќе од 18 кубни километри камени фрагменти и пепел биле исфрлени во атмосферата.Цунами брановите предизвикани од експлозиите, ги опустошиле градовите, селата и шумите на бреговите на Јава и Суматра. Многу острови исчезнале под водата заедно со населението. Цунамито од оваа легендарна ерупција на Кракатау било толку моќно што било почуствувано на целата планета. Тогаш на Јава и на Суматра исчезнале вкупно 295 градови и села, при што загинале повеќе од 36 илјади луѓе, а стотици илјадници луѓе останале без домови. Катаклизмата го изменила брегот на Суматра и Јава до непрепознатливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Над 1.600 луѓе уапсени на протестите во Москва

Во центарот на Москва денеска се собраа илјадници луѓе во знак на поддршка на уапсениот опозиционер Алексеј Навални.
At least 1,090 have been arrested at protests around Russia against @navalny's jailing pic.twitter.com/sRp2BtOl3v
— Alec Luhn (@ASLuhn) January 23, 2021
Протестите, кои не беа одобрени од руските власти, беа организирани низ цела Русија. Меѓу уапсените е и сопругата на Навални, Јулија. Информацијата за апсењето ја објави самата Јулија Навални на Инстаграм.
Повеќе од 200 демонстранти беа приведени на рускиот Далечен исток и Сибир, а невладината организација ОВД-Инфо, која ги следи политичките апсења, објави дека најмалку 48 лица биле приведени на денешните протести во Владивосток и Хабаровск.
Навални, најистакнатиот руски политички противник на Владимир Путин, беше уапсен на 17 јануари кога се врати од Германија во Москва, каде мина пет месеци опоравувајќи се од труењето со нервен агенс.
Свет
Во Кина 206 нови случаи на коронавирус

Во Кина во последните 24 часа се потврдени 206 нови случаи на коронавирус, додека нов бран нa епидемијата се заканува да го поништи успехот на земјата во борбата против вирусот.
99 од 107 нови симптоматски случаи биле локално пренесени, а останатите биле увезени од странство. Останатите 99 нови случаи се асимптоматски.
Во провинцијата Хебеи пријавени се 15 нови случаи, а во главниот град на таа провинција, Шиџијазуанг, епидемијата што избувна на почетокот на јануари сè уште не е потисната и покрај масовните тестирања и строги мерки.
Пекинг и Шангај објавија дека имаат по три случаи.
Регион
Во Србија 1.483 новозаболени од коронавирус, починале 19 лица

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.483 новозаболени од коронавирус, а починале 19 лица.
Во последните 24 часа биле тестирани 9.434 примероци, а 2.536.948 од почетокот на епидемијата.
Според последните податоци, вакцинирани се 163.355 лица.
Од почетокот на епидемијата во Србија починале 3.868 лица.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот