Свет
Австралија ќе организира референдум за признавање на Абориџините

Австралија ќе организира референдум за признавање на нејзиното домородно население во Уставот за да овозможи подобри услови за најзагрозената заедница во земјата, пренесува BBC.
Премиерката Јулија Гилард изјави дека ова шанса еднаш во 50 години за да се заузда јавната и парламентарната поддршка за мнозинско признавање.
Повеќе од половина милион Абориџини кои живеат во Австралија претставуваат 2,7 проценти од популацијата.Тие се погодени од несразмерно високата стапка на невработеност, затворање, употреба на дрога, алкохолизам и други заболувања.
Според зборовите на премиерката Гилард, практичните напори да им се помогне на Абориџините и на другите загрозени заедници во Австралија нема да успеат без поголема почит.
„Уставот на Австралија е основен документ на нашиот систем на владеење, но тој не успева да обезбеди доволно права за првите Австралијци“, рекла Гилард. Таа додала дека признавањето ќе покаже дека Австралија е земја која е обединета во признавањето на уникатното и специјалното места на првите луѓе што живееле на тие простори.
На референдумот ќе се побара од државата да им даде уставно признание на староседелците. Се уште не е јасно кога ќе се одржи гласањето.Лидерите на Абориџините велат дека позитивен исход од референдумот ќе има драматичен ефект врз самодовербата на заедницата.
Од 1901 година во Австралија се одржале 44 референдуми, од нив само седум биле успешни./крај/BBC/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Полицијата ги растури демонстрациите во Амстердам

Холандската полиција употреби водени топови против скоро 2.000 демонстранти во Амстердам кои протестираа против владините рестриктивни мерки. Мерките се воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Демонстрантите се собраа на плоштадот пред Рајкс музејот и музејот Ван Гог, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Слобода: Стоп за окупацијата“ и извикувајќи „Ние сакаме слобода“, пренесува Ројтерс. Безбедносните сили уапсија околу 100 демонстранти.
Ниту еден од демонстрантите не носеше маски задолжителни на јавни места и ретко кој го почитуваше правилото за физичка оддалеченост, што предизвика реакција од полицијата, се вели во соопштението на градските власти на Амстердам.
Свет
Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување на кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија на аеродромот Шереметјево, ќе биде во затвор до следната судска одлука.Службата објави дека за Навални е распишана потерница на 29 декември 2020 година, за „повеќекратно кршење на правилата“ додека тој беше под условна казна.
„Понатамошната мерка ќе ја одреди судот, а дотогаш тој ќе биде во затвор“, се наведува во соопштението.
Портпаролката на Навални, Кира Јармиш на Твитер изјави дека на Навални не му била соопштена причината за апсењето при пасошката контрола и дека ниту неговата сопруга Јулија и неговиот адвокат не смееле да одат со него.
„Што се случува со него и каде го одведоа, не знаеме“, изјави таа.
Противникот на Кремљ престојуваше во Германија, каде беше префрлен во август откако м се слоши за време на летот кон Сибир.Лабораториите во Западна Европа заклучиле дека Навални бил отруен со нервен агенс новичок. Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека нарачал негово труење и убиство.Кремљ ги негираше обвинувањата.
Свет
Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозиинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано против Ковид-19, изјави австралиски здравствен службеник во понеделникот, иако земјата во моментов не ниту еден локален случај на коронавирус.
Австралиските власти ги разгледуваат и потенцијалните негативни ефекти од вакцината „Фајзер“ откако Норвешка пријави неколку смртни случаи на постари лица откако ја примиле вакцината.
„Дури и ако имаме голем дел од популацијата којашто е вакцинирана, не не знаеме дали тоа ќе спречи пренесување на вирусот“, рече официјалното лице.
Австралија, која успеа да се справува со коронакризата подобро од многу други држави преку насочени затворања, голема стапка на тестирање и барања на контактите, денеска објави нула локални случаи на коронавирус.Државата Викторија, која е домаќин на Австралија опен, информираше за четири позитивни случаи кај странски патници, сите поврзани со тенис, од вкупно девет. Случаите ги поттикнаа властите да испратат три чартер летови на Австралија опен во карантин, принудувајќи повеќе од 70 играчи во 14-дневна изолација во хотелските соби.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира