Свет
САД нема да ја укинат смртната казна и покрај апелот на ОН
САД денеска на заседанието на Советот за човекови права при Обединетите Нации го отфрлија повикот на меѓународната заедница да ја укинат смртната казна
Правниот советник на Стејт департментот, Харолд Кох, денеска пред Советот истакнал дека смртната казна е дозволена согласно меѓународното право. Десетина земји упатија апел до САД за укинување на смртната казна за време на деталниот преглед на состојбата со човековите права во САД пред собранието на Советот кој го сочинуваат 47 земји. Ках се осврнал и на препораките за укинување кои дошле од земјите како што се Иран и Куба и ги окарактеризирал како „политички провокации“. Сепак, тој истакнал дека САД се посветени кон искоренувањето на неправдите како сто се расистичките прогони и дека сериозно ја разгледуваат можноста да ја потпишат декларацијата на ОН за правата на автохтоните народи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.