Свет
Иран развива сопствен антиракетен систем
Иран ќе направи сопствен систем за антиракетна одбрана, бидејќи Русија одбила да му го продаде еден, изјавил денеска главниот командант на иранската елитна Револуционерна гарда, Мохамед Хасан Мансуријан, пренесува агенцијата Бета.
Тој изјавил дека Техеран наскоро ќе ја тестира својата верзија на антиракетниот штит С-300, на кој се уште се работи во воените индустриски објекти, пренесе официјалната новинска агенција ИРНА.
„Иранската верзија на системот С-300 е во процес на преработка и наскоро ќе биде тестиран. Се работи и на други системи за антиракетна одбрана.“ рекол Мансуријан.
Русија во 2007 година склучи договор со Иран за продажба на модерни ракетни системи, кои требаше да ја подобрат способноста на Техеран да се одбрани од ракетните напади. На потпишувањето на тој договор се спротиставија САД и Израел.
Иран често ги објавува достигнувањата во воената технологија, меѓутоа тоа не може да се провери, пренесува Асошиејтед прес.
Обединетите Нации против Техеран воведоа неколку пакети санкции поради спорната нуклеарна програма, за која Иран тврди дека е за потребите на производството на електрична енергија., додека меѓународната заедница е уверена дека неговата цел е производство на нуклеарно оружје. /крај/бе/пк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва
Актерот Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во градското собрание Крокус во предградието на Москва, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Русија.
Сегал рече дека нападот е „страшна трагедија што не требаше да се случи“.
„Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да се направи на ниту една нација и да остане неказнето“, рече тој, пренесува РИА Новости.
Свет
Почина Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес
Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес од државата Конектикат и поранешен кандидат за потпретседател на САД, почина во средата на 82-годишна возраст.
Семејството на политичарот соопшти дека Либерман починал поради компликации предизвикани од падот, пренесува американскиот портал Политико.
Тој беше првиот еврејски кандидат на гласачкото ливче на големите американски партии, во 2000 година со претседателскиот кандидат Ал Гор.
Едно од неговите најголеми наследства е учеството во формирањето на Министерството за внатрешна безбедност по терористичките напади од 11 септември 2001 година.
Подоцна, во 2004 година, тој неуспешно се обиде да стане претседателски кандидат на Демократската партија, бидејќи демократите го сметаа за „премногу близок со републиканците“, според Политико.
Од политиката се повлече во 2012 година, а последен пат се врати во 2023 година како претставник на организацијата „Без етикети“, која на Американците требаше да им обезбеди трета опција, покрај Републиканската и Демократската партија.
Свет
Дупка од 10 метри голтна автомобили во Рим, полицијата ја затвори улицата
Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобили среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.
Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила, Дачија и Рено, завршиле во дупка, пренесува Телеграф.
Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.
Се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.
Не се знае дали има повредени во инцидентот.