Свет
Руски авион се урна во Дарфур, двајца загинати

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени кога авионот, во кој се наоѓале 33 патници и тројца членови на екипажот, се урна при слетувањето во областа западен Дарфур, пренесува РИА Новости
Рускиот авион од типот „Антонов Ан-24“, летал од Картум за Залингеј. Авионот се урнал при слетување на пистата на аеродромот во Залингеј. Според суданските власти најпрво експлодирале две гуми, за потоа авионот да се запали и подели на два дела. Суданскиот комесар Абдалах Мохамед Ал Амин изјавил дека истрагата е во тек и дека се уште не е позната причината за падот на рускиот авион. Тој додал дека истражителите ќе ги соопштат резултатите откако ќе направат темелна истрага. Владата на Западен Дарфур, од друга страна, ја наведува саботажата како можна причина за несреќата и најави дека припадници од службата за државната безбедност денеска ќе го пребараат аеродромот. Авионски несреќи често се случуваат во Судан. Повеќето мали авиокомпании во оваа земја вработуваат пилоти од поранешниот Советски Сојуз, а авионите ги купуваат од земјите во источна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германка казнета со 10.800 евра за кршење на карантин

Судот во Инсбрук и изрече казна од 10.800 евра на 54-годишна Германка за кршење карантин и намерно загрозување на други.
Во април минатата година жената била позитивно тестирана на коронавирус, и добила карантин од властите.
Но и покрај наредбата на здравствените власти, таа продолжила да ја излегува од дома и да пазарува.
Таа пред судот рече дека сумата за која купила намирници била премала за да може да нарачува преку интернет.
За да го фрли ѓубрето користела лифт, со што според судот ги загрозила останатите станари.
Овој случај на игнорирање на наредбата за карантин го шокираше државното обвинителство.
„Не ја интересираше дали ќе зарази други луѓе. Беше толку арогантна што полицијата дури мораше да ја уапси“, рече обвинителот Клеменс Гатрингер.
Поради тоа тој побара најстрога казна, а судот одлучи да ја казни со парична казна од 10.800 евра.
Свет
Вакцината на „Фајзер“ ефикасна против новите видови коронавирус

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ задржува голем дел од својата ефикасност и против главните мутации на коронавирус што предизвикува Ковид-19, англискиот и јужноафриканскиот сој, се вели во соопштение на двете компании.
Тестовите не покажаа потреба за нова вакцина за справување со новите соеви, соопштија двете компании.
Тие додадоа дека ќе продолжат да ги следат новите соеви и дека се подготвени да реагираат доколку тие мутации се покажат отпорни на вакцината.
Регион
Србија втора во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители

Досега, 375.320 граѓани биле вакцинирани против коронавирус во Србија.
Србија сега е втора земја во Европа според бројот на вакцинирани граѓани на милион жители, пишува „Танјуг“.
Велика Британија е на првото место, а по неа следуваат Малта, Исланд, Данска, Романија, Словенија и Шпанија.
Кога станува збор за регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска и Бугарија.
Според вкупниот број на вакцинирани во регионот, Романија е прва, со 570.704 вакцинирани лица.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома