Свет
Парламентот на Танзанија избра жена за претседател

Првата жена, избрана за претседател на парламентот на Танзанија, вети дека ќе изгради силен законодавен орган, што нема да фаворизира ниту една партија, пренесува Ројтерс.
Ан Макинда доаѓа на местото на Самјуел Сита, истовремено охрабрувајќи го народното собрание да го постави прашањето на корупција меѓу официјалните лица.
„Ќе бидам политички непристрасна и верувам дека должност на претседателот на парламентот е да биде таков“, изјави Макинда, откако за нејзе гласаа 74% од вкупно 327 пратеници. /крај/рој/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија следниот месец ќе започне со производство на втората вакцина против Ковид-19

Русија во февруари ќе започне со масовно производство на својата втора вакцина против Ковид-19, најави денеска премиерот Михаил Мишустин откако минатата недела земјата започна масовна кампања за вакцинација.
„Следниот месец, ќе започнеме со масовно производство на вакцината ЕпиВаКорона“, рече Мишустин на состанок пренесуван на телевизија, додавајќи дека руската влада издвоила околу 21,8 милиони евра за оваа намена.
По „Спутник В“ ова ќе биде втора руска вакцина против Ковид-19, респираторна болест од која досега починаа повеќе од 2 милиона луѓе ширум светот.
Новата вакцина беше регистрирана во Русија во октомври, а е изработена од лабораторијата „Вектор“ во Новосибирск. Во советско време, оваа лабораторија тајно истражувала биолошко оружје и чувала примероци од разни вируси, од вариола до ебола.
Владимир Путин во понеделникот изјави дека епидемиолошката состојба во земјата се движи кон стабилизација, бидејќи Русија за прв пат од почетокот на ноември пријавила помалку од 20.000 нови инфекции на ден.
Официјалните податоци кои се ажурираат секојдневно покажуваат дека од почетокот на пандемијата во Русија 3.756.931 лице биле заразени со коронавирус, од кои 70.482 починале.
Европа
Холандски министер за нередите во земјата: Тие луѓе се џган, полицискиот час останува

Холандската влада соопшти дека нема да ја повлече својата одлука за полициски час за борба против пандемијата на Ковид-19, и покрај немирите што ја потресоа земјата од неговото стапување на сила во саботата навечер.
„Не може да се капитулира пред луѓе што кршат излози“, рече министерот за финансии, Вопке Хоекстра, цитиран од холандската новинска агенција АНП. Тој оцени дека за немирите не се виновни легитимните демонстранти, туку насилен џган.
Холандската полиција денеска бјави дека уапсила најмалку 184 лица за учество во насилните немири кои траат трета ноќ по ред и се најлоши во последните четириесет години.
Најмалку десет полицајци се повредени во последните судири со бунтовниците кои ограбиле продавници и запалиле автомобили во неколку градови низ земјата меѓу кои и Ротердам, Амстердам и Хаг.
Министерот за правда Ферд Граперхаус исто така за АНП изјавил дека владата нема да се откаже од мерката, велејќи дека е неопходен полициски час за борба против новиот вид на коронавирус.
Немирите започнаа веднаш по воведувањето на полициски час, прва ваква мерка во земјата по Втората светска војна.
Повеќето жители на Холандија го почитуваат полицискиот час за време на кој граѓаните не смеат да ги напуштат домовите од 21 до 4.30 часот, пишува агенцијата „Франс прес“.
Премиерот Марк Руте во понеделникот го осуди криминалното насилство, велејќи дека тоа е неприфатливо и дека 99 проценти од Холанѓаните ги поддржуваат ограничувањата.
Регион
Црна Гора одбила донација од 10.000 кинески вакцини

Црногорската влада одбила донација од 10.000 вакцини од кинескиот производител „Синофарм“, а опозицијата ја нарече владината одлука политички мотивирана.
Во Црна Гора сè уште не е започната вакцинација против коронавирус.
Владата, како што беше соопштено, ја одбила донацијата затоа што веќе било договорено секоја набавка на вакцини да минува низ директен контакт со производителите, односно со земјите од каде доаѓаат вакцините.
„Секој друг вид набавка на вакцина или донација или кој било друг вид на снабдување, бара дополнителна проверка, односно посебна претпазливост“, рече министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ.
Инаку, како што пренесуваат регионалните медиуми, донацијата била понудена од сопственикот на „Адриатик пропертис“ и „Универзал капитал банк“, Петрос Статис.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот