Свет
Русија и Јапонија ги затоплуваат односите

Шефовите на дипломатиите на Русија и Јапонија, Сергеј Лавров и Сеиѓи Маехара се договорија денеска во Јокохама да ги унапредат односите, по недоразбирањата околу спорната група на острови во Пацификот.
„Се сложивме дека унапредувањето на соработката на двата важни соседи во азиско-пацифичкиот регион ќе биде стратешки корисно за двете држави“, стои во соопштението на јапонското министерство за надворешни работи.
Притоа се наведува дека Лавров и Маехара искрено и отворено размениле ставови и се согласиле дека двете држави треба да ја искористат секоја можност за подобрување на односите.
Средбата на двајцата министри е прв позначаен контакт, откако Јапонија остро реагираше на неодамнешната посета на рускиот претседател Дмитриј Медведев на Курилските острови, околу кои Русија и јапонија спорат веќе 65 години. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по враќањето од Германија во Русија.
„Апсењето на Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо“, рече Мишел. Тој ги повика руските власти веднаш да го ослободат Навални.
The detainment of Alexey #Navalny upon arrival in Moscow is unacceptable.
I call on Russian authorities to immediately release him.
— Charles Michel (@eucopresident) January 17, 2021
Рускиот опозициски лидер беше приведен вечерва на московскиот аеродром Шереметјево на пасошка контрола по враќањето во Русија од Германија, каде се лекуваше за наводното труење.
На неговата сопруга Јулија, како и неговиот портпарол и адвокат им беше дозволено да влезат во Русија.
Свет
(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено. Сепак, овие денови ситуацијата таму е поинаква.
Снег падна во пустината Сахара, а во Саудиска Арабија температурите се спуштија и до минус 2 степени.
На снимките се гледа снег кој ги покрива песочните дини во Сахара.
Ice blankets the Sahara desert while snow falls in Saudi Arabia where temperature has dropped to -2C https://t.co/W2jgXaH3g5
— Daily Mail Online (@MailOnline) January 17, 2021
Алжирските овчари ги водеа своите овци низ снегот.
Снежните сцени сепак ги воодушевија Саудијците, кои меѓу другото во голем број се упатија кон пустината во регионот за да фотографираат. Во оваа област, температурата не паднала под нулата веќе 50 години.
Патем, снегот и мразот се многу ретки во пустините, но не и целосно невозможни. Температурата може значително да падне во текот на ноќта, но снегот обично се топи преку ден.
Свет
(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен.
Неговиот авион беше пренасочен од аеродромот Внуково, каде што го чекаа приврзаниците и новинарите, пренесуваат агенциите. Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.
Video footage of the arrest of @navalny. #Navalny #Russia https://t.co/g9zJxEnqw5
— Yashar Huseyn (@yasharhuseyn) January 17, 2021
Полицијата уапси околу 10 приврзаници на Навални кои го чекаа на аеродромот во Внуково, а меѓу нив е и опозициската политичарка, Љубов Собољ.
❗️❗️Во Внуково задержали Соболь, Шаведдинова и Котова, передает наша корреспондентка. Видео: @MBKhMedia pic.twitter.com/uKji8qOpOy
— МБХ медиа (@MBKhMedia) January 17, 2021
Навални престојуваше во Германија каде се лекуваше поради наводното труење со отровот Новичок. За труењето тој ја обвини власта, а Русија негираше каква било вмешаност.
Нему од Москва му беше кажано дека ако не се врати во Русија до 30 декември, ќе биде уапсен бидејќи не ја издржал затворската казна до крај.
Пред да се качи во авионот во Берлин, Навални рече дека се чувствува „многу среќен“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира