Контакт

Свет

Вестергард објасни карикатурата за пророкот Мухамед

Објавено пред

Данскиот карикатурист Курт Вестергард чии цртежи предизвикаа остри протести меѓу муслиманскиот свет пред пет години, рече дека никогаш не рекол дека сликите се од пророкот Мухамед

„Терористите се оние кои направија од пророкот заложник. Никогаш не сум рекол дека станува збор за Мухамед. Сакав да покажам дека има терористи кои го користат сламот и Куранот како фасада“, рече Курт Вестегард, 75-годишниот карикатурист, кој се наоѓа под полициска заштита. Во биографијата кој ја напиша Џон Ликегард сепак пишува дека карикатурите може да претставуваат “цртеж на Мухамед, но исто така може да биде и жена од Блискиот Исток”. Овој цртеж, рече Вестегард има сопствен живот низ целиот свет. Според него, карикатурата стана нешто како симбол и тој случајно ја има истата судбина како неа.Во јануари данската полиција спречи атентат Вестергард. Сомалиец на 28-годишна возраст вооружен со секира и нож, се обиде да влезе во домот на авторот. Кога 74-годишниот Вестергард го забележал Сомалиецот, веднаш ја алармирал полицијата и се затворил во „безбедната соба“ во неговата куќа. Напаѓачот кој имал дозвола за престој во Данска, бил припадник на сомалиската исламистичка организација Ал Шабаб, која е поврзана со терористилката мрежа Ал Каеда и нејзини акции во источна Африка. Полицијата го следела поради врски со исламистичи групи.Вастергор стана познат во септември 2005 г. кога весникот Jyllands-Posten објави негови карикатури со ликот на пророкот Мухамед, кои предизвикаа гнев меѓу муслиманите и го прогласија за муртед, односно човек кој може каде и да е и кога и да е да биде убиен, а тој што ќе го изврши убиството ќе биде почестен. Јануарскиот, беше 12-ти обид за убиство на Вастергор во последниве четири години.Во Данска, муслиманската заедница претставува околу 3 отсто од 5,5 милионското население.Во муслиманската верска традиција се смета дека секој опис на Пророкот е навредлив. Во 2006 г. други весници повторно објавија карикатури со пророкот Мухамед, што предизвика насилство во голем број земји. Три дански амбасади беа нападнати и најмалку 50 луѓе беа убиени во немирите на Блискиот Исток, во Африка и Азија. Неколку млади муслимани се осуден во Данска под обвинение дека планирале бомбашки напади, делумно во знак на протест на карикатури.Во 2008 г., водачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен се закани  дека Европа ќе биде казнета за објавување на карикатурите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Џонсон и Џонсон“ ја претставуваат својата вакцина следната недела, за имунизација потребна само една доза

Објавено пред

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ треба да ги објави резултатите од третата фаза на тестирање на својата вакцина против коронавирусот следната недела, пренесува „Си-ен-би-си“.

Компанијата вели дека резултатите ќе бидат обемни и многу инклузивни во однос на опфатеноста на различни групи засновани на етничка припадност, возраст, географска клима, вклучително и Афроамериканци, Латиноамериканци и стари лица. Можно е да има разлика во резултатите од тестовите на места како што е Јужна Африка, каде што е откриен нов многу заразен мутиран вид на коронавирус, како што се наведува.

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да биде одобрена за употреба веќе следниот месец.

За разлика од другите вакцини кои се одобрени за употреба во САД, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ не се дава во две дози од три до четири недели, туку е потребна само една доза, поедноставувајќи го целиот процес на имунизација.

„Модерна“ вчера објави дека работи на зајакнување на вакцината против видот откриен во Јужна Африка, откако откри дека е помалку ефикасна против оваа мутација.

Прикажи повеќе...

Европа

Нов проблем за Брисел – „Астразенека“ не доаѓа на состанокот со ЕУ

Објавено пред

„Астразенека“ нема да учествува на состанокот со претставниците на Европската Унија, пренесуваат светските медиуми.

„Ројтерс“ пренесува дека на состанокот требало да се разговара за набавка на вакцини против коронавирус.

„Ја разбираме и споделуваме фрустрацијата што почетната количина на вакцини за земјите од ЕУ ќе биде помала од предвидената. Ние продолжуваме да работиме со нашите партнери за набавка со цел да го оптимизираме овој процес и на тој начин да осигуриме дека вакцината се произведува до потребниот степен“, соопшти компанијата, како што објави агенцијата „Ројтерс“.

Земјите од Европската Унија продолжуваат со прашањата упатени до компанијата детално да ја елаборира најавата дека ќе испорача помал број вакцини против коронавирусот во првиот квартал од оваа година.

Прикажи повеќе...

Европа

Лекар во Италија обвинет за убиство на двајца пациенти во ковид-оддел за да ослободи кревети

Објавено пред

Лекар во Италија бил уапсен под сомнение дека убил двајца пациенти на одделот каде што биле сместени заразените со коронавирус, со цел да ослободи кревети.

Според медиумските извештаи, Карло Моска (47) им дал смртоносни дози анестетик на 61-годишната Натали Баси и 80-годишниот Анџело Палети во март минатата година во болницата во Ломбардија.

Пораките меѓу медицинските сестри преку апликацијата „Ватсап“ покажаа дека работниците се сомневаат дека Моска ги убил пациентите за да ги ослободи креветите на одделот.

Полицијата истражува уште три смртни случаи по обвинувањата дека овој лекар наводно ги сменил медицинските извештаи со цел да ги покрие трагите, пренесува „Дејли мејл“.

Моска е уапсен и е во домашен притвор, а тој ги негираше сите обвинувања, нарекувајќи ги неосновани.

Од друга страна, обвинителот посочува дека пациентите чија смрт се испитува не биле интубирани и дека Моска немал причина да им инјектира анестезија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

МВР за „Јавна соба“: Жртвите да пријават злоупотреби

„Секторот за комјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки за расчистување на случајот. Го повикуваме секој граѓанин кој...

Македонија1 час

По една година одново актуелна групата „Јавна соба“ – илјадници членови споделуваат експлицитни фотографии oд девојки

Една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ за групата на социјалната мрежа „Телеграм“, каде илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии...

Економија1 час

Туристичко-угостителската комора бара финансиска помош и протоколи за работа

Финансиската помош која се обезбедува за поддршка на реалниот сектор да има континуитет, како и да се обезбедат протоколи за...

Македонија2 часа

Здружението на директори од основните и средните училишта со поддршка на реформите

Текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието беше тема на разговорот со Здружението на директори од...

Македонија3 часа

Непроспиена ноќ во Маврово, почувствувани пет земјотреси

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје рано утринава регистрира серија од земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 50 километри југозападно...

Европа4 часа

Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешнополитички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот...

Свет5 часа

Мадуро промовира капки од мајчина душица како чудотворен лек против Ковид-19

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро промовира „чудотворен лек“ за кој тврди дека лечи од Ковид-19 без несакани ефекти. Британските медиуми пренесуваат...

Свет5 часа

Бајден и Путин договорија продолжување на договорот за нуклеарното оружје

Претседателот на САД, Џо Бајден, и рускиот претседател Владимир Путин договорија продолжување на договорот околу контролата на оружјето. Тие во...

Македонија5 часа

Земјотрес во Маврово со јачина од 3,6 степени

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутринава во 7:44 часот во подрачјето на Гостивар. Според...

Свет16 часа

Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден

Новиот американски претседател, Џо Бајден, денеска го одржал првиот телефонски разговор со својот руски колега, пренесе Белата куќа, додавајќи дека...

Македонија20 часа

21 починат и 444 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.518 тестирања, а регистрирани се 444 нови случаи на...

Топ21 час

Поранешниот прилепски градоначалник осомничен за криминал со државно земјиште

Против поранешниот градоначалник на Прилеп, Маријан Ристески, и уште осум лица, како и против две правни лица, поднесена е кривична...

Европа21 час

Меркел бара затворање на границите и забрана за патување, пишуваат германските медиуми

Германската канцеларка, Ангела Меркел, за време на состанок на раководството на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) се заложила за можност за целосна...

Македонија24 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет1 ден

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа1 ден

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа1 ден

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија1 ден

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија1 ден

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа1 ден

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Досие