Свет
Рускиот трговец со оружје Бут екстрадиран во САД

Тајланд го екстрадираше во САД обвинетиот руски трговец со оружје Виктор Бут каде што ќе се соочи со обвиненија за тероризам, јавува Асошиејтед пресСо тоа Тајланд се стави на страна на САД во препукувањето со Русија за тоа каде треба да му се суди на 43-годишниот Бут, кое траеше речиси три години. Жестокоста на битката за Бут се должеше на тоа што Бут, поранешен руски воздухопловен офицер, е голем познавач на руската армија и разузнавачки служби, поради што Москва не сака тој да излезе пред американски суд. Москва, како и семејството на Бут, кои тврдат дека Бут е невин деловен човек, жестоко реагираше на одлуката на тајландската влада. „Ова е очигледна политичка одлука, излобирана од страна на американската влада“, изјави сопругата на Бут, Ала. Во текот на процесот на носење на одлуката и Москва и Вашингтон вршеа силен притисок врз премиерот Абхисит Веџаџива, во што се вмешал дури и американскиот конгрес.Тајландскиот суд во 2009 година го одби барањето на САД за екстрадиција на Бут во нивната држава врз база на обвинувањата за тероризам. Во август годинава, Апелациониот суд ја поништи таа одлука дозволи Бут да биде екстрадиран во САД. Бут е обвинет дека обезбедувал оружје за граѓанските војни Јужна Америка, Блискиот исток и во Африка, а клиенти му биле и либерискиот претседател Чарлс Тејлор, либискиот претседател Моамар Гадафи и двете страни во граѓанската војна во Ангола. На чело на вносната империја за воздушен превоз на оружје, Бут долго време ги одбегнуваше санкциите на ОН и на САД, кои имаа за цел да ги блокираат неговите финансиски трансакции и да ги ограничат неговите можности за патување. Тој тврди дека легитимен бизнисмен и дека никогаш не продавал оружје. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Детето од Хрватска кое почина од Ковид-19, развило многу редок синдром сличен на Кавасаки

Регионот го потресе веста дека 11-годишно момче починало во текот на ноќта на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб како резултат на Ковид-19.
Неофицијално детето немало никакви претходни заболувања.
Момчето од Хрватска кое ја загуби битката против коронавирусот разви мултисистемски воспалителен синдром (МИС-Ц), многу редок и особено опасен синдром кој погодува деца на возраст од две до 15 години, а кој беше откриен кај деца заболени од Ковид-19 во САД и Велика Британија во април минатата година.
Синдромот има значителни сличности со синдромот на токсичен шок и синдромот Кавасаки и предизвикува воспаление на крвните садови низ целото тело.
„ Воспалението може да го ограничи протокот на крв и да го оштети срцето, бубрезите и другите органи. Синдромот може да биде последица на имунолошкиот одговор на организмот на присуството на коронавирусот САРС-КоВ-2“, објасни Кванг Сик Ким, педијатриски инфектолог во детскиот центар Џонс Хопкинс.
„ Обично се јавува во рок од четири недели од изложеноста на вирусот“.
Специјалистот за инфективни болести Сик Ким советува дека родителите треба итно да побараат медицинска помош ако болното дете има температура над 38 степени 24 часа или подолго и барем уште еден од следните симптоми – невообичаена слабост, црвен осип, болки во стомакот, повраќање, дијареја, отечени раце или нозе, црвени и испукани усни, како и црвени очи.
Според претходните искуства, смртноста кај деца погодени од овој синдром е околу 1,5 процент.
Според достапните податоци, во период од шест месеци биле регистрирани 1.659 случаи на овој синдром во САД, од кои 26 завршиле со смрт кај детето.
Во Словенија се евидентирани 48 случаи без смртни исходи.
Регион
Два послаби потреси кај Петриња и Сисак

Два послаби земјотреси утрово го потресоа регионот кај Петриња и Сисак.
Првиот, неколку минути пред осум часот утрово, беше 2,6 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 17 километри северозападно од Сисак, објави Индекс.хр.
По неколку минути се почувствува уште еден земјотрес, а како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, неговата јачина била 2,7 степени по Рихтер.
Регион
Гужви за вакцина во Србија – досега вакцинирани 200.000 луѓе

Во Србија од 24 декември масовно се вакцинира населението. Досега се вакцинирани речиси 200.000 луѓе, пренесуваат српските медиуми.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска е потешко да се набават вакцини отколку нуклеарно оружје. Тој истакна дека очекува денеска да бидат вакцинирани 50.000 луѓе во Србија. Исто така рече дека Србија моментално е четврта во Европа по стапката на вакцинација, а деветта во светот.
Шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Србија, Марјан Ивануша, оцени дека сегашната епидемиолошка состојба е многу подобра отколку што беше во декември минатата година, но дека сè уште има голем број нови инфекции на дневна основа и дека пациентите сè уште умираат.
„ Треба да продолжат да се придржуваат до мерките – маска, далечина, хигиена. Сега имаме нова надеж, а тоа е вакцината. Се надевам дека за неколку месеци полека ќе се вратиме во нормален живот”, рече Ивануша.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот