Свет
Познат бизнисмен убиен во центарот на Владикавказ

Познатиот руски бизнисмен од Северна Осетија, Тимур Џабиев е убиен во средата навечер во центарот на Владикавказ, во близина на централната стоковна куќа, изјавил за РИА Новости полициски извор Според соговорникот на агенцијата, бизнисменот Тимур Џабиев најверојатно излегувал од портите на една куќа во централната улица на градот Валдикавказ, кога непознат напаѓач отворил оган врз него. Џабиев се обидел да се скрие во близина на гаражата, но напаѓачот го стигнал.„На местото од настанот се најдени најмалку пет чаури“, изјавил изворот на РИА Новости.Пред куќата каде што напаѓачот го сочекал Џабиев останал паркиран неговиот скап „мерцедес“./крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен.
Неговиот авион беше пренасочен од аеродромот Внуково, каде што го чекаа приврзаниците и новинарите, пренесуваат агенциите. Првично пилотот најавил доцнење од 30 минути поради „технички проблеми“, а потоа ги известил патниците оти авионот е пренасочен и оти ќе слета на московскиот аеродром Шереметјево.
Video footage of the arrest of @navalny. #Navalny #Russia https://t.co/g9zJxEnqw5
— Yashar Huseyn (@yasharhuseyn) January 17, 2021
Полицијата уапси околу 10 приврзаници на Навални кои го чекаа на аеродромот во Внуково, а меѓу нив е и опозициската политичарка, Љубов Собољ.
❗️❗️Во Внуково задержали Соболь, Шаведдинова и Котова, передает наша корреспондентка. Видео: @MBKhMedia pic.twitter.com/uKji8qOpOy
— МБХ медиа (@MBKhMedia) January 17, 2021
Навални престојуваше во Германија каде се лекуваше поради наводното труење со отровот Новичок. За труењето тој ја обвини власта, а Русија негираше каква било вмешаност.
Нему од Москва му беше кажано дека ако не се врати во Русија до 30 декември, ќе биде уапсен бидејќи не ја издржал затворската казна до крај.
Пред да се качи во авионот во Берлин, Навални рече дека се чувствува „многу среќен“.
Регион
Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав. Ова го истакна албанскиот премиер, Еди Рама, откако француската амбасада во Албанија го нарече анти-ЕУ поради неговите обвинувања за незантересираност на Унијата да им додели вакцини на земјите од Западен Балкан.
Албанскиот премиер вели дека Франција направила грешка, вадејќи го од контекст.
Француската амбасада се огласи по вчерашната изјава на Рама дека светот е неправеден кога станува збор за купувањето на вакцините и дека малите играчи секогаш се последни во чекалната.
Амбасадата порача дека критиките на Рама за недостиг на вакцини од ЕУ за Запен Балкан се опасен анти-ЕУ курс. Во рекацијата на Амбасадата на Франција се оценува дека не е нормално и коректно да се напаѓа пријател како Франција. Наведоа дека Рама тргнал кон опасен геополитички курс, бегајќи од ЕУ кон Турција.
Според Рама, тоа што во Албанија стигнале 1.000 дози од пријателска земја е сепак за пофалба на владата, бидејќи Албанија е втора земја од регионот, после Србија која почнува со вакцинација на населението. Во таа насока, албанскиот премиер синоќа истакна дека Македонија добила ветување од Бугарија дека ќе ѝ бидат донирани 100 дози од првата пратка кога ќе стигне кај нив, но до тоа не дошло.
„Македонија не започна со вакцинација. Требаше да почне, но не се случи и тоа не е вина на Македонија. Бугарија ѝ даде збор дека ќе ѝ даде 100 дози, но се уште не ѝ дала. Ако ги имаше, ќе ги употребеа“, рече Рама.
Свет
(Видео) Протест во Холандија против карантинот, полицијата употреби водени топови

Неколку илјади луѓе денеска излегоа на протест во Амстердам поради националната блокада воведена за забавување на ширењето на пандемијата на коронавирусот, пред полицијата да ги растера.
Демонстрантите се собраа држејќи натписи: „Слобода: Стоп за оваа опсада“ и извикувајќи „Што сакаме? Слобода!“.
Ниту еден од собраните не носеше маски, кои, сепак, не се задолжителни, а само некои од нив одржуваа физичка дистанца.
Властите не издадоа дозвола за одржување на протестот на плоштадот пред музејот „Ван Гог“.
Бидејќи демонстрантите одбија да се разотидат, полицијата користеше водени топови за да ги растера.
Холандската влада ги затвори училиштата и повеќето продавници во декември за да го намали ширењето на коронавирусот, а оваа недела го продолжи карантинот за уште три недели.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира